Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Мобилност Kонкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС+

Kонкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС+

Рок на аплицирање: до 20 октомври 2015

erasmusP_plus_logo.png

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР

за летниот семестар во академската 2015/2016 година

 

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само студенти со завршена прва година  на студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр.

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите. (Види листа на договори)

 

Потребни документи за мобилност на студенти:

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот:

www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+

или интернет-страната на факултетот:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус координаторот и согласно  компатибилноста на студиската програма, со факултетот во странство;
  • уверение за положени испити ( преведено на англиски јазик);
  • најмалку една препорака (преведена на англиски јазик);
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот;
  • уверение за редовен студент- запишан семестар (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model).

Висината на стипендијата за студентите изнесува 450-500 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

 

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

  • пополнет формулар за пријавување (Staff Application Form);
  • наставна програма/работен план (Staff mobility - teaching assignment);
  • потврда од факултетот за статус на вработен во рамки на институцијата;
  • покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
  • кратка биографија (Europass model).

 

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија. Кандидатите имаат право на грант за секој циклус на студии во дадениот лимит од 12 месеци (прв, втор или трет циклус).

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус координаторот на факултетот каде студираат најдоцна до 20 октомври 2015.

Координатор за Еразмус мобилност на ФЕИТ е проф. д-р Маргарита Гиновска (gmarga@feit.ukim.edu.mk).

Краен рок за поднесување на апликациите од страна на факултетите до Ректоратот е 25 октомври 2015.

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ