Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Мобилност Kонкурс во рамки на програмата еразмус+

Kонкурс во рамки на програмата еразмус+

erasmusP_plus_logo.png

Термините на одржување на контролните испити по странски јазик

Во врска со програмата ЕРАЗМУС-плус, ве информираме за термините на одржување на контролните испити по странски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, и тоа:

  • Англиски јазик
      • 24, 25, 28, 29 и на 30 април 2014 г. од 11 ЧАСОТ;
      • од 5 до 9 мај 2014 г. од 11 ЧАСОТ;
      • од 12 до 15 мај 2014 г. од 11 ЧАСОТ.
  • Германски јазик
      • 25 април и на 6 мај 2014 г. од 11 ЧАСОТ.
  • Италијански јазик
      • 28 април и 5 мај 2014 г. од 11 ЧАСОТ.
  • Француски јазик
      • 7 мај 2014 г. од 11 ЧАСОТ.

За другите странски јазици испитот ќе се реализира во договор со Деканатот и со соодветниот професор.  По полагање на контролниот испит, кандидатот добива уверение за познавање на странски јазик на соодветното рамниште во согласност со Европската јазична рамка. За пријавување за испитот и за сите дополнителни информации, заинтересираните да се обратат во Архивата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

Контакт-телефон: 02 32 40 436

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР

за академската 2014/2015 година

 

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

На конкурсот можат да се пријават само кандидати со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку во втора година на студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден или два семестри.

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (пет работни денови).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите, (Види листа на договори)

Потребни документи за мобилност на студенти:

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+ или факултетот:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање , потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус координаторот и согласно компатибилноста на студиската програма, со факултетот во странство –дополнително по извршената селекција;
  • уверение за положени испити (преведено на англиски јазик);
  • најмалку една препорака (преведена на англиски јазик);
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот;
  • уверение за редовен студент- запишан семестар (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model).

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

  • пополнет формулар за пријавување (Staff Application Form) ;
  • наставна програма/работен план (Staff mobility - teaching assignment) ;
  • потврда од факултетот за статус на вработен во рамки на институцијата;
  • покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин.

 

Висината на стипендијата за студентите изнесува 450-500 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот под ЕРАЗМУС+).

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично кандидатите.

 

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус стипендија. Кандидатите имаат право на само еден грант за секој циклус на студии во дадениот лимит на месеци (прв, втор или трет циклус).

Студентите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус координаторот на факултетот каде студираат најдоцна до 12 мај 2014. (Види листа на Еразмус координатори по факултети).

Краен рок за поднесување на апликациите од страна на факултетите до Ректоратот е 15 мај 2014.

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ