Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Акредитирана лабораторија за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење

Акредитирана лабораторија за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење

MK_flag.png UK_flag.png

Лабораторијата за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење во февруари 2019 година доби сертификат за акредитација од Институтот за акредитација на Република Македонија според стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 : 2006.

Опремата во Лабораторијата за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење, како и обуките на персоналот се донација од Меѓународната Агенција за Атомска Енергија преку проектот “Проценка и можности за имплементација на технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење во Република Македонија”.

Во работата на Лабораторијата за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење се вклучени 4 универзитетски професори - доктори на науки, еден асистент - магистер и еден технички соработник - магистер.

Потребата за контрола на храна третирана (произведена) со јонизирачко зрачење во Република Македонија е пропишана согласно:

 

Раководител на лабораторија:
Проф. д-р Христина Спасевска
Телефон: 02 3099 175 или 178
Мобилен телефон: 071 287 528
Факс: 02 3064 262
Електронска пошта: hristina@feit.ukim.edu.mk

 

Техники за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење

Лабораторијата за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење располага со соодветна опрема која користи две техники за детекција, односно откривање дали храната била третирана (произведена) со јонизирачко зрачење:

  1. Оптички стимулирана луминисценција или фотостимулирана луминисценција е техника опремена со мобилен инструмент што овозможува да се испитуваат примероци со скрининг и калибриран метод. Оваа техника е брза и едноставна, служи за тестирање на широк спектар на храна што содржи минерали, при што контролата може да се прави на терен или во лабораторија.

    fiz1a.jpg

  2. Термолуминисценција е техника за испитување на храна што овозможува потврда на резултатите од контролата направена со скрининг методот. Системот овозможува истовремено да се испитуваат до 48 примероци кои можат да се третираат со радиоактивен извор на бета зрачење 90Sr/90Y.

fiz2.jpg

Анализи

Анализите за контрола на храна третирана (произведена) со јонизирачко зрачење може да се прават директно на граничните премини при увоз на производи, во супермаркетите, како и во производниот процес; или примероци да се испитувааат во лабораторија.

Лабораторијата за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење, по барање на заинтерисирани странки, може да испитува примероци од храна за кои треба да се потврди дека:

  • не се третирани (произведени) со јонизирачко зрачење,
  • се третирани (произведени) со јонизирачко зрачење согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на храната произведена со јонизирачко зрачење.

 

1. Детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење – квалитативна анализа/скрининг за контрола во лабораторија/терен

Техника: Оптички стимулирана луминисценција

Стандард: МКС EN 13751:2011 - Прехранбени производи - Откривање на храна третирана со јонизирачко зрачење со користење на фотостимулирана луминисценција (EN 13751 Foodstuffs - Detection of irradiated food using photostimulated luminescence) http://www.isrm.gov.mk/mk/standard/?natstandard_document_id=22429

Потребен материјал за една анализа: 100 грама

Постапка за земање на примерокот: Примерокот се зема од пакувањето со храна од место кое е заштитено од светлина. Пред испитувањето примероците е потребно да се чуваат на темно.

 

2. Детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење - контрола во лабораторија и потврда на скрининг методот

Техника: Термолуминисценција

Стандард: МКС EN 1788:2011 - Прехранбени производи - Детекција на термолуминесценција на храна третирана со јонизирачко зрачење од која можат да се изолираат силикатни минерали (EN 1788 Foodstuffs - Thermoluminescence detection of irradiated food from which silicate minerals can be isolated) http://www.isrm.gov.mk/mk/standard/?natstandard_document_id=30914

Потребен материјал за една анализа: 400 грама

Постапка за земање на примерокот: Примерокот се зема од пакувањето со храна од место кое е заштитено од светлина. Пред испитувањето примероците е потребно да се чуваат на темно заштитени од температура над 100 °C.