Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Пријавување испити за јунска испитна сесија - прв циклус студии

Пријавување испити за јунска испитна сесија - прв циклус студии

кога 13.05.2019. 12:30 до
23.05.2019. 14:30
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

 

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

-     Пријавување испити прв циклус студии


  • Пријавувањето испити од прв циклус студии за јунската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот од 13.5 до 23.5.2019 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5 (Прилог)
  • Студентите запишани по стара наставна програма по ЕКТС, запишани од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012 пријавите за испит ги доставуваат до предметните наставници во договорениот термин за испит.

Пријавите треба уредно да се пополнети, при што задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, испитен рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ, ТК, ИКИ,...).

Уредно пополнетите хартиени пријави, задолжително се доставуваат до предметните наставници на самиот испит/колоквиум (студентите што го положиле првиот колоквиум, на вториот колоквиум задолжително носат хартиена пријава, а доколку не го положат вториот колоквиум, предметниот наставник ќе треба да ја зачува истата пријава за исптната јунска сесија).

Уплатата за административна такса се реализира со уплатница (задолжително захефтана на пријавата) или со СМС порака преку мобилен телефон, при што студентот сам го внесува бројот од СМС кодот во iKnow системот, односно ја валидира уплатата на соодветното место. Исто така, бројот од СМС кодот се впишува и во хартиената пријава на определеното место.

НАПОМЕНА: По овој рок студентите можат да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 9.5.2019 година                                                                       ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА