Пријавување испити – НОВИ студиски програми – iKnow - Втор циклус
кога |
01.06.2019. 00:00 до 13.06.2019. 23:55 |
---|---|
Додај настан во календар |
вКал (vCal) иКал (iCal) |
Пријавување испити – НОВИ студиски програми – iKnow
Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (генерации 2013-2018) за јунската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 1.6 до 13.6.2019 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.
За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави (со 50 ден. административна такса) до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот. За уплати на такса преку СМС да се наведе кодот на уплата и ДА СЕ ВНЕСЕ во iKNOW системот кај пријавата.
По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Скопје, 21.5.2019 година Одделение за студентски прашања на ФЕИТ