Предавање на тема „Аномална динамика во комплексни системи: од експеримент до теорија и обратно“ на м-р Трифче Сандев
кога |
28.05.2012. од 11:00 до 13:00 |
---|---|
Додај настан во календар |
вКал (vCal) иКал (iCal) |
Во насока на промовирање на работата и резултатите на младите научници во Република Македонија, м-р Трифче Сандев од Дирекцијата за радијациона сигурност кој воедно е и докторант на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе одржи предавање на тема „Аномална динамика во комплексни системи: од експеримент до теорија и обратно“. М-р Сандев е носител на наградата „Најмлад научник за 2011 година“, награда која ја доделува Претседателот на Република Македонија.
Предавањето, во заедничка организација на ФЕИТ, Здружението ЕТАИ и Македонската секција на IEEE, ќе се одржи на 28.05.2012 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот во Салата за состаноци на ФЕИТ.
Во прилог се дадени апстрактот на предавањето и кусата биографија на м-р Сандев.