Предавање на д-р сц. Нинослав Марина на темата „Кооперативни комуникации со доверливи пораки“
кога |
20.09.2012. од 12:00 до 14:00 |
---|---|
Додај настан во календар |
вКал (vCal) иКал (iCal) |
На 20 септември 2012 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во Салата за состаноци на ФЕИТ, д-р сц. Нинослав Марина ќе одржи предавање на темата „Кооперативни комуникации со доверливи пораки“. Д-р Нинослав Марина е истакнат македонски истражувач во областа на телекомуникациите и ИКТ, кој дипломирал на нашиот факултет, а докторирал и работел на најпрестижни светски универзитети. Пред кусо време тој е назначен за Ректор на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Предавањето е во организација на Одделот за телекомуникации при македонската IEEE секција. Кусата содржина на предавањето и биографијата на предавачот се дадени во прилог.