Линукс курсеви
кога |
17.09.2012. 09:00 до 26.09.2012. 15:00 |
---|---|
Додај настан во календар |
вКал (vCal) иКал (iCal) |
Во последно време Linux дистрибуциите во светот на информатиката бележат се поинтензивна употреба како резултат на нивната стабилност, бесплатните дистрибуции и нивната блискост до крајниот корисник. Во светот постојат повеќе Linux курсеви со соодветни сертификати, но повеќето од нив работат со една специфична дистрибуција. Цената за слушањето на ваквите курсеви е поголема од неколку стотина евра.
Поради сето ова на Факултетот за електротехника и информациски технологии организираме Linux курсеви кои по својата организираност и процесот на учење се разликуваат од сите останати меѓународни курсеви. Нашите Linux курсеви се обопштени, односно се изучуваат сите популарни и најчесто користени дистрибуции во светот (SuSE, CentOS, Ubuntu). На овој начин посетителите на курсевите ќе можат да се соочат во практичната работа со која било дистрибуција или нејзин дериват. По ислушањето на Linux курсот, посетителот ќе добие сертификат од ФЕИТ за успешно завршен курс.
Курсевите и нивните цени се дадени во следната табела:
Име на курсот: |
Број на часови |
Цена по слушател за матуранти запишани оваа учебна година на ФЕИТ |
Цена по слушател за студенти, постдипломци или докторанти на било која акредитирана образовна установа во Р. Македонија |
Цена по слушател за сите останати лица |
Basic Linux Course |
32 |
3100 ден. |
6200 ден. |
9300 ден. |
Intermediate Linux Course |
40 |
3750 ден. |
7500 ден. |
11200 ден. |
Advanced Linux Course |
40 |
4350 ден |
8700 ден. |
13000 ден. |
Термин за основен курс за Linux – 17 до 26 септември 2012 год.
Пријавувањето е до 14 септември на емаил адресата linuxfeit@feit.ukim.edu.mk.
Основен курс за Linux - содржина
-
Крaтка историја за Linux
-
Споредба меѓу Windows и Linux
-
-
Припрема за инсталација
-
Избор на дистрибуција (Red Hat, SuSE, Ubuntu)
-
Хардверски побарувања
- Превземање на инсталацијата
- Припрема на хард дискот – партиционирање (MBR табела)
-
-
Инсталација на Linux
-
Опис на постапката
-
Самостојна инсталација од страна на слушателите
-
Други инсталациски методи
-
-
Работа со датотеки и папки
4.1 Работа преку командна линија
-
Читање и навигација (cat, more, less, tail, cd, pwd, find, whereis, locate, ls), кратки вежби
-
Манипулација со датотеки/папки и пребарување (touch, rm, rmdir, mkdir, mv, cp, ln, grep, tar, cpio, gzip, compress), кратки вежби
-
Пермисии на датотеки/папки и сопствеништво (chmod, chgrp, chown), кратки вежби
-
Самостојни вежби
4.2 Работа со графички фајл менаџер
-
Работа со Konqueror, кратки вежби
-
Работа со Dolphin, кратки вежби
-
Работа со Nautilus, кратки вежби
-
Самостојни вежби
-
Уредување на корисничка околина
-
Школки (bash, csh, ksh)
-
Командна синтакса
-
Експортирање на променливи
-
Профили на корисници и нивно уредување (/etc/profile, .profile)
-
Системски променливи
-
Самостојни вежби
-
-
Управување со корисници и групи
-
Креирање на корисници (командна линија и графички алатки)
-
Креирање на групи (командна линија и графички алатки)
-
Менаџирање на корисници и групи
-
su и sudo команда
-
самостојни вежби
-
-
Управување со софтвер
-
RPM & YUM пакет менаџмент
-
Опис на пакетите
-
Пребарување, инсталација, ажурирање и бришење на пакети (rpm, yum), кратки вежби
-
Верификација и информација за пакетите, кратки вежби
-
Преглед и конфигурација на репозиториуми (/etc/yum.conf, /etc/yum.repos.d/ ), кратки вежби
-
Самостојни вежби
-
-
Debian базиран пакет менаџмент
-
Опис на пакетите
-
Пребарување, инсталација, ажурирање и бришење на пакети (dpkg, apt-get), кратки вежби
-
Верификација и информација за пакетите, кратки вежби
-
Преглед и конфигурација на репозиториуми (/etc/apt/sources.list), кратки вежби
-
Самостојни вежби
-
-
Други командни пакет менаџери (zypper)
-
-
Работа со процеси
-
Стартување на процеси во преден план или позадина
-
Мониторирање на активни процеси, графички и командна линија (ps, pstree, top, jobs, uptime)
-
Праќање на сигнали кон процесите
-
Детектирање и прекинување на “заглавени” процеси (kill, killall)
-
Самостојни вежби
-
-
Работа со сервиси
-
Опис на системските нивоа на работа (runlevels)
-
Промена на runlevel, кратка вежба
-
Опис на сервисите
-
Менаџирање со сервиси ( /etc/init.d/ ), графички и командна линија (chkconfig), кратки вежби
-
Самостојни вежби
-
-
Набљудување на системот
-
Меморија
-
Процесор
-
Хард диск
-
Системски логови
-
Кратки вежби
-
-
Работа со печатачи
-
Инсталација на печатачи преку CUPS, кратка вежба
-
Конфигурација на печатачи преку CUPS, кратка вежба
-
Управување со принтерските редови на чекање, кратка вежба
-
Командни алатки за управување со печатачи (lp,lpmove,enable,disable,lpstat, lpsched, cancel, accept, reject, lpshut, lpadmin), кратки вежби
-
Самостојни вежби
-
-
Завршен тест
Забелешка: Курсот е предвиден да се оддржи за 32 часа, односно 8 дена по 4 часа вклучувајќи и една пауза од 20 минути.