Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „Next Generation Mobile Broadband“

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Next Generation Mobile Broadband“

кога 20.11.2018. 08:00 до
17.12.2018. 20:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

copy_of_UK_flag.png

copy_of_MK_flag.png

ITUCentreofExceiienceelearningcourse2018.jpg

 

20 Ноември - 17 Декември 2018


International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Next Generation Mobile Broadband” од 20 ноември до 17 декември 2018 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: https://academy.itu.int

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на Next Generation Mobile Broadband, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени мобилните broadband технологии, вклучувајќи ги IMT-2020 umbrella спецификациите на ITU, мобилните Интернет архитектури, 4G/4.5G mobile broadband вклучувајќи ги LTE/LTE-Advanced-Pro и нивната коегзистенција со 3.5G технологиите, System Architecture Evolution (SAE) и Evolved Packet Core (EPC), IP Multimedia Subsystem (IMS), како и ITU бизнис и регулаторните аспекти за mobile broadband. Понатаму, курсот ќе ги опфати следната генерација на WiFi пристапни мрежи (IEEE 802.11ac/ad), WLAN хотспотови, mobile broadband offload преку WiFi, и нивните регулаторни и бизнис аспекти. Исто така, ќе биде опфатена работата на ITU на следната генерација mobile broadband, вклучувајќи ја мобилноста во Next Generation Networks (NGN), IPv6 mobile broadband, 5G мобилните скелетни и мрежи и Software Defined Networking (SDN), 5G cloud RAN, 5G distributed RAN, како и управувањето со спектарот за 3G/4G/5G mobile broadband пристап. На крајот, курсот ќе ги опфати и следната генерација mobile broadband сервиси, вклучувајќи QoS-enabled VoIP и IPTV преку 4G/5G mobile broadband, масивен Internet of Things, Machine-to-Machine (M2M) и Device-to-Device (D2D) сервиси, mobile broadband Over-The-Top (OTT) податочни сервиси, Mobile Cloud Computing (MCC), како и QoS регулаторни насоки за следната генерација mobile broadband.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Next Generation Mobile Broadband, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Next Generation Mobile Broadband се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 19 ноември 2018 година.

 

copy3_of_ITU_Academy_logo.png