Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „Future Broadband Internet Access“, 29 мај – 25 јуни 2018

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Future Broadband Internet Access“, 29 мај – 25 јуни 2018

кога 29.05.2018. 00:00 до
25.06.2018. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

 

MK_flag.png UK_flag.png

 

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Future Broadband Internet Access

29 мај – 25 јуни 2018

ITUCentreofExceiienceelearningcourse.jpg

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Future Broadband Internet Access” 29 мај до 25 јуни 2018 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: https://academy.itu.int

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на Future Broadband Internet Access, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени Интернет технологиите (Интернет рутирање, DNS, DHCP), веб сервисите, Интернет QoS, како и раководењето со Интернет. Понатаму, курсот ќе ги опфати broadband Интернет пристапните технологии, вклучувајќи ги xDSL пристапните мрежи, кабелските податочни мрежи, пасивните оптички мрежи (GPON), како и влијанието на broadband пристапот на развојот на бизнисот и севкупниот напредок глобално ниво. Исто така, ќе бидат опфатени идните broadband Интернет пристапни технологии, вклучувајќи Next Generation PON (NG-PON), Active Optical Networks (AON) и WDM, како и операторски Metro Ethernet. На крајот, курсот ќе ги опфати и ITU рамката за broadband Интернет QoS мерењата и QoS enforcement, потоа NGN-базираните и идните broadband Интернет сервиси, вклучувајќи VoIP и IPTV со QoS поддршка, Over-The-Top Интернет data сервиси, Internet of Things, Big Data, Cloud Computing, Smart Sustainable Cities во идните мрежи, како и бизнис и регулаторните аспекти за идниот broadband пристап до Интернет.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Future Broadband Internet Access, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Future Broadband Internet Access се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 28 мај 2018 година.

copy2_of_ITU_Academy_logo.png