Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Финален натпревар за бизнис план "Промоција на ФЕИТ"

Финален натпревар за бизнис план "Промоција на ФЕИТ"

кога 29.03.2012.
од 14:00 до 17:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

Во изминатиот период е воспоставена успешна сооработка помеѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и Кариерниот центар при ДСУ Раде Јовчевски-Корчагин, Скопје.

Во рамките на таа соработка на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) – Скопје на 29 март 2012 година (четврток) со почеток од 14:00 часот ќе се одржи финалниот натпревар на екипите од кариерниот центар при ДСУ Раде Јовчевски-Корчагин, Скопје. Нивна задача беше изработка на идеен бизнис план за Промоција на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје пред идните академски граѓани во Република Македонија. За најдобрите факултетот има подготвено пригодни награди.

Декан

Проф.д-р Миле Станковски