7 - Наменски компјутерски системи (7-НКС)
Студиска програма: 7 - Наменски компјутерски системи (7-НКС)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа наменски компјутерски системи
Наменските и вградливите компјутерски системи претставуваат комбинација на хардвер и софтвер чија цел е да се контролира уред, процес или комплетен систем. Специфични примери на вакви системи се: контрола на речиси сите системи во автомобилите, контрола на работењето на автомобилските мотори, автоматски пилот, навигациони системи и системи за управување во авионите, чипсети кај дигитални телевизори, чипови кај комуникациските уреди, амбиентните уреди, контролни системи кај нуклеарните реактори, и слично. Значењето на овие системи расте континуирано. На пример: во 2010 година постоеле и во практична употреба биле над 16 милијарди вакви уреди во целиот свет, а предвидувањата прогнозираат дека бројот на овие уреди се очекува да се зголеми двојно до 2014 година. Со други зборови, за секој жител на планетава би постоеле по 3-4 вакви уреди. Забележителен е порастот на употреба на вакви системи во автомобилската индустрија, каде процентот на учество на наменски процесорски системи во вкупната вредност на автомобилот се очекува да порасне до 45-50% во 2013. Овие предизвици можат успешно да се следат и применуваат само со продуцирање нови генерации студенти, образувани во полето на наменски компјутерскии системи. Во прилог на постоењето на ваква студиска програма зборува и фактот што вкупниот пазар во ова подрачје во 2010 година изнесувал околу 20 милијарди УСД, со пораст од 10-15% на годишно ниво.
Вториот циклус на студии по Наменски компјутерски системи има за цел да образува врвни кадри во делот на проектирање, реализација и примена на комплетни хардверски и софтверски наменски системи во сите можни подрачја на примена. Кадрите што одовде ќе произлезат ќе бидат оспособени рамноправно да се носат на светско ниво со своите колеги, а во опредлени аспекти и да доминираат.
По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат:
- да имплементираат проектни техники и за хардвер и за софтвер за наменски вградливи системи;
- да проектираат и реализираат наменски вградливи компјутерски системи во целина – хардвер и софтвер;
- да проектираат и реализираат наменски софтвер за постојни системи;
- да проектираат и реализираат наменски хардвер за постојни системи;
- да следат и активно да учествуваат и да ги подобруваат актуелните истражувања во ова подрачје;
- да бидат оспособени за вклучување и водење на тимови во актуелни интердисциплинарни и специфични подрачја на примена.
Задолжителни предмети - Програмата нема задолжителни предмети |
||||
ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ Изборните предмети 1 и 2 се избираат од листата А. Изборните предмети 3 и 4 се избираат од листата А или од листата Б. Изборниот предмет 5 се избира од листата Б или од листата на сите наставни предмети застапени на единицата на универзитетот. |
||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
|
Изборен предмет 1 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборен предмет 2 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборен предмет 3 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборен предмет 4 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборен предмет 5 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
Изборни предмети - Листа А *Задолжително се избираат најмалку два од предложените предмети од листата А |
||||
3ФЕИТ07012 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07020 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07022 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07023 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборни предмети - Листа Б *Се избираат најмногу три од предложените изборни предмети од листата Б, зависно од бројот на избрани предмети од листата А |
||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ07001 |
Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ08004 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07003 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07004 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ08011 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07005 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07006 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07007 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07008 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07013 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07014 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
3ФЕИТ07015 |
Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07017 | Сензорски, безжични и мобилни компјутерски мрежи и системи | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
3ФЕИТ07018 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07019 | Складишта и наменска обработка на податоци | 6 | 3+0+0+3 | 180 |
Задолжителни предмети |
|||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
|
3ФЕИТ00 |
Магистерска работа |
20 |
0+0+0+20 |
600 |
|
Изборни предмети |
|||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
|
3ФЕИТ07 |
Истражувачки проект од областа на наменски компјутерски системи |
6 |
0+0+0+6 |
180 |
|
|
Универзитетски изборен предмет |
4 |
2+0+0+2 |
120 |
|
Вкупно |
30 |
2+0+0+28 |
900 |
||