Лични алати
Пријави се

11 - Безжични системи, сервиси и апликации (11-БССА)

MK_flag.png UK_flag.png

Студиска програма:11-Безжични системи, сервиси и апликации (11-БССА)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: магистер по електротехника и информациски технологии од областа Безжични системи, сервиси и апликации

Секторот на информациско-комуникацискиот технологии е во постојан пораст. Побарувачката за магистри профилирани во областа на Безжични системи, сервиси и апликации на пазарот на трудот во Република Македонија е голема, а со тоа и оправданоста за воведување на ваква студиска програма. Целта на студиската програма е да произведе кадар кој ќе биде носител на развојот на ИКТ секторот и севкупната економија во Република Македонија. Дополнително, Безжични системи, сервиси и апликации се главни истражувачки области во современите телекомуникации, па кандидатот кој магистрирал на оваа студиска програма може да продолжи со докторски студии во истата или слична научна област. Широката научна основа може да му помогнат на кандидатот успешно да работи / да се преориентира и во други научни области од областа на техничките науки. Програмата го оспособува кандидатот за претприемаштво и основање на нови бизниси во областа наинформациско-комуникациските технологии.