Лични алати
Пријави се

Наномрежи

Предмет: Наномрежи

Код: 3ФЕИТ10018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставници: Доц. д-р Валентин Раковиќ, Вон. проф. д-р Владимир Атанасовски

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со поимот за омрежување на нано-машини, интра и интерклеточна сигнализација и формирање на наномрежи. Разбирање на разликите помеѓу традиционалните и молекуларните комуникации. Способност за работа на истражувања во областа.

Содржина на предметната програма: Поим за нано-машини. Приоди во развој на нано-машини. Очекувани карактеристики. Сигнализација помеѓу клетки. Молекуларни трансивери. Архитектура на нано-машини. Интерконекција на нано-машини. Техники за комуникација помеѓу нано-машини базирани на наножичани комуникации, безжични оптички комуникации и молекуларни комуникации. Поим за наномрежи. Карактеристики и компоненти на наномрежи. Типови на наномрежи. Споредба со традиционални комуникациски мрежи. Кратко-дометни (базирани на молекуларни мотори) и далеку-дометни (базирани на феромони) наномрежи. Информациски капацитет од аспект на теорија на информации. Моделирање на канал за различни типови наномрежи. Протоколи за наномрежи. Апликации на наномрежи. Симулациски алатки за наномрежи. Истражувачки предизвици во областа (развој на мрежни компоненти, молекуларна комуникациска теорија, нови архитектури и протоколи).

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Baris Atakan

Molecular Communications and Nanonetworks: From Nature To Practical Systems

Springer

2014

2

Antonio Maffucci and Sergey A. Maksimenko

Fundamental and Applied Nano-Electromagnetics

Springer

2016

3

Junichi Suzuki, Tadashi Nakano and Michael John Moore

Modeling, Methodologies and Tools for Molecular and Nano-scale Communications: Modeling, Methodologies and Tools

Springer

2017