Лични алати
Пријави се

01-Обновливи извори на енергија (01 – ОИЕ)

Студиска програма: 01-Обновливи извори на енергија (01 – ОИЕ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на академски студии и освоени 240 ЕКТС кредити, или завршени додипломски студии во траење од најмалку 8 семестри пред воведувањето на ЕКТС на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа обновливи извори на енергија

Целта на студиската програма е образување на кадри во согласност со потребите на современото стопанство и врз основа на критериуми за квалитет на наставата на ниво на Универзитетот. Таа содржи фундаментални дисциплини од областа на обновливите извори на енергија, дополнети со нови истражувања и сознанија, но и низа нови дисциплини кои се развиени во согласност со современите научни сознанија. Студиската програма овозможува создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од електроенергетската индустрија, пред се во рамките на компаниите кои произведуваат и проектираат опрема базирана на ОИЕ, како и во компаниите за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија. Стручност и компетентност во дефинирање на потребите од стандардизација и регулатива согласно препораките на ЕУ. Функционирање на меѓународните тела за стандардизација. Делокруг на активности на IEC и ISO организациите. Стандардизација во Република Македонија. Примена на техничките стандарди во различни области од електротехниката со акцент на електричните уреди со зголемена ефикасност, либерализиран пазар на електрична енергија и повластени тарифи за развој на обновливите извори на енергија.

Студиската програма е развиена во согласност со критериумите, задачите и целите на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри. Оваа студиска програма е конципирана врз основа на претходни искуства во изведувањето на наставата на слична студиска програма акредитирана во 2008 година, со перманентниот развој на проблематиката, како и постојаното унапредување и континуираната соработка со стопанството.

Предложената студиска програма вклучува широки познавања од ОИЕ со што студентите ќе се здобијат со знаења од областа на обновливите извори на енергија и конверзијата во електрична енергија, нивното проектирање, експлоатација, одржување, управување и планирање, како и работата во независен или систем интегриран во електроенергетскиот систем.

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ02016

Основи на обновливи извори на енергија

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 1

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 2

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 3

6

3+0+0+3

180

Факултетски изборен 4

6

3+0+0+3

180

Вкупно

30

15+0+0+15

900

Изборни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ09005

Механизми за поддршка на ОИЕ и енергетска ефикасност

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04025

Хибридни енергетски системи и микромрежи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ03004

Мерење на параметрите на ОИ

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04023

Техноекономски аспекти и интеграција на ОИЕ во ЕЕС

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ09003

Интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02010

Квалитет на електрична енергија од ОИЕ

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02008

Енергетски преобразувачи за ОИЕ

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04005

Енергетика и околина

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02012

Конструктивни компоненти на ветерна електрана

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04006

Енергетски аспекти на ветерни електрични централи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ02002

Ветрогенераторски системи и технологии

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ08024

Принцип на работа и карактеристики на сончеви ќелии

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ08033

Технологии на складирање на сончева енергија

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ08034

Технологии за сончеви ќелии

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04017

Проектирање и градба на фотоволтаични системи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04022

Соларен електрицитет

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ08025

Производство на сончеви панели

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04010

Мали хидроелектрични централи

6

3+0+0+3

180

ФЕИТ04001

Технологии за добивање енергија од биомаса

6

3+0+0+3

180

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

ФЕИТ00

Магистерска работа

20

0+0+0+20

600

Изборни предмети

ФЕИТ01

Истражувачки проект од областа на обновливите извори на енергија

6

0+0+0+6

180

Универзитетски изборен предмет

4

2+0+0+2

120

Вкупно

30

2+0+0+28

900