Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Лаборатории Лаборатории опремени од Владата на РМ Лабораторија за дигитални видеосистеми

Лабораторија за дигитални видеосистеми

Лабораторија за дигитални видеосистеми

Факултет: Факултет за електротехника и информациски технологии

Универзитет: Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Одговорно лице: вон.проф. д-р Зоран Ивановски

Лабораторијата за дигитални видеосистеми е опремена во рамките на проектот „Програмата за опремување на лабораториите на државните високообразовни установи и јавните научни установи“ на Владата на Република Македонија.

    1.Примена на лабораторјата (опис):

Лабораторијата е наменета за вршење научни и апликативни истражувања во областа на дигиталните видеосистеми, како и за едукациски цели во насока на подобрување на наставата на додипломски и постдипломски студии.

Лабораторијата се користи за вршење научни истражувања во областа на дигиталните видеосистеми, поконкретно во областите кодирање и компресија на слики и видео, естимација на перцептуален квалитет, суперрезолуција, анализа на слика и други. Истовремено, во неа се вршат и апликативни истражувања поврзани со дигиталната телевизија и процесирање на видео на мобилни платформи. Лабораторијата се користи и за едукациски цели, за изведување на лабораториски вежби по предметите дигитална обработка на слика, телевизија и видеокомпресија во склоп на наставата на додипломски студии, и предметите мултимедиски системи, компресија на слика и видео, процесирање и анализа на слика во склоп на наставата на постдипломски студии.

Во лабораторијата можат да се изведуваат истражувачки и апликативни проекти во следните области:

 

Членови на лаборторијата за дигитални видеосистеми:

Вон. проф. д-р Зоран Ивановски, раководител на лаборатиријата за дигитални видеосистеми (zoran.ivanovski@feit.ukim.edu.mk, (02) 3099103)
Асист. м-р Томислав Карталов, (tomislav.kartalov@feit.ukim.edu.mk, (02) 3099102)

 

Контакт информации

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
Лабораторија за дигитални видеосистеми
Вон. проф. д-р Зоран Ивановски  (zoran.ivanovski@feit.ukim.edu.mk, (02) 3099103)
Информации за матурантите

copy_of_studenti.jpg

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

ЛКХТЈЗ

logo_lkhtjz_mk.png

MECA Project

MECAlogo.png

Списание JEEIT

JEEITlogo.jpg

Студентски пракси

copy_of_logoevn.png

LabVIEW академија

labview_logo.jpg

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ