Тренинг курс „Згради со енергија близу до нула - NZEB“ за инженери и архитекти
- Повик за пријавување на учесници на курсот кој ќе започне на 23.01.2016 -
Почнувајќи од крајот на 2015 година во Европа ќе започне серија на бесплатни тренинг курсеви за дипломирани инженери и архитекти во подрачјето на „Згради со енергија близу до нула - NZEB“. Овие курсеви имаат цел да ги обучат професионалците во градежниот сектор преку развој на вештини во подрачјето на енергетската ефикасност и интегрирањето на обновливи извори на енергија во реновирањето на постојните згради.
Цели:
Целта на курсевите кои се организирани од страна на „Форумот за енергетски професионални вештини (MEnS)“ е тренинг на професионалците во градежниот сектор за стратегиите и технологиите на NZEB за да се забрза прилагодувањето со оглед на ревидираната Директива на ЕУ за енергетските перформанси во зградите (EPBD), која ја вклучува обврската за сите јавни загради кои ќе бидат изградени по 31.12.2018 и сите згради кои ќе бидат изградени по 31.1.2020 да го исполнат стандардот EPBD NZEB. Фокусот на курсевите ќе биде на реновирањето на постојните згради.
Овие интензивни 10 ЕКТС курсеви се акредитирани од Европските универзитети и имаат цел да:
- овозможат на професионалците во градежниот сектор да ја разберат потребата да бидат реновирани постојните згради според NZEB стандардот за енергетски перформанси,
- на професионалците во градежниот сектор да им овозможат неопходни алатки и вештини во имплементацијата на NZEB во наредните годините,
- изградат мрежа на имплементатори со NZEB експертиза,
- го поддржат намалувањето на CO2 преку реновирање на зградите.
Подрачја
Курсевите ќе ги опфатат следните подрачја на NZEB:
- опис на NZEB и соодветни политики,
- енергетско претставување на зградите (пресметки на електричните и термичките перформанси),
- материјали и инсталации кои се потребни за дизајн и реновирање на NZEB,
- интегрирање на производството од обновливи извори на енергија,
- енергетско моделирање на зградите (алатки и техники),
- менаџмент и финансии.
Придобивки од курсевите:
По успешно завршување на курсот, учесниците ќе се стекнат со целосно разбирање на NZEB концептот кој се применува во државата и во Европа, како и вештини кои се неопходни во при NZEB трансформацијата на зградите во ЕУ.
Учесници:
Програмата е предвидена за Европските професионалци инженери, архитекти и менаџери на згради кои се интересираат за примената на енергетската ефикасност во згради.
Пријавите на жени и невработени ќе имаат приоритет во процесот на селекција на учесниците во курсевите.
Цена на курсот:
Во сите земји кои се партнери во проектот, првите три курсеви, при што секој курс ќе вклучува 40 учесници, ќе бидат финансирани од Европската Комисија преку проектот на „Форум за енергетски професионални вештини (MEnS)“. Стандардната цена на курсот ќе биде воведена за последователните едиции на курсевите, така што не ја пропуштајте оваа можност за бесплатно надградување на Вашите вештини.
Пријави за учество:
Вие можете да се пријавите за курсевите на „Форум за енергетски професионални вештини (MEnS)“ користејќи ги наведените линкови подолу. Повелете посетете го порталот (http://www.mens-nzeb.eu/mk/) за додатни информации за крајните рокови за пријавување за секој универзитет. Ние би сакале да Ве потсетиме дека различни едиции на курсот ќе бидат овозможени во текот на 2016, и затоа Ве упатуваме регуларно да ги проверите новостите на порталот.
Почеток на првиот курс кој ќе се одржи во Скопје: 23.01.2016.
Spain: www.cfp.upv.es Contact: Elisa Peñalvo Universitat Politècnica de València elpealpe@upvnet.upv.es |
|
Germany: www.zub-kassel.de/weiterbildung Contact: Jutta Steinbrecher University of Kassel steinbrecher@uni-kassel.de |
|
Greece: power.ee.auth.gr Contact: Grigoris Papagiannis Aristotle University of Thessaloniki gpapagia@auth.gr |
|
United Kingdom: www.brunel.ac.uk Contact: Maria Kolokotroni Brunel University maria.kolokotroni@brunel.ac.uk |
|
Cyprus: www.pvtechnology.ucy.ac.cy Contact: George E. Georghiou University of Cyprus geg@ucy.ac.cy |
|
Belgium: atm.ulb.ac.be and also formcont.ulb.ac.be Contact: Patrick Hendrick Université Libre de Bruxelles patrick.hendrick@ulb.ac.be |
|
Ireland: www.dit.ie/architecture/mens/ Contact: Cormac Allen Dublin Institute of Technology cormac.allen@dit.ie |
|
FYR of Macedonia: feit.ukim.edu.mk Contact: Vlastimir Glamocanin Ss. Cyril and Methodius University Skopje v.glamocanin@daad-cc.com |
|
Romania: users.utcluj.ro/~lcmn Contact: Dan Micu Technical University of Cluj-Napoca Dan.Micu@ethm.utcluj.ro |
|
Denmark: www.ecnetwork.dk, ase.au.dk Contact: Leo Pedersen EC Network in cooperation with Aarhus University School of Engineering lpe@ase.au.dk |
Генерални прашања за проектот MEnS:
Координатор на проектот:
Контакт:
- Daniela Melandri, EnerGiaDa (d.melandri@energiada.it)
- Agnese Riccetti, EnerGiaDa (a.riccetti@energiada.it)