Библиотечна процедура за публикации
Во случајот кога ФЕИТ се јавува како издавач на публикација, постои посебна процедура која треба да се почитува.
Библиотеката на ФЕИТ посредува во процесот на подготовка и издавање на единицата доколку издавач на единицата е Факултетот. Првата работа во која посредува е доделувањето на ISBN број. Во Библиотеката на ФЕИТ се наоѓа листа со ISBN броеви (кодови) и секоја публикација добива свој број/код. ISBN или International Standard Serial Number (меѓународен стандарден број на книгата) е број кој е многу важен за публикацијата и тој го идентификува изданието, издавачот, како и земјата каде што е издадена книгата.
Материјалот кој треба да биде издаден, заедно со доделениот ISBN број се доставува до Центарот за комплетирање и обработка на библиотечен материјал во Националната и универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје - НУБ, за да се изработи CIP запис. За изработка на CIP потребно е да се уплати 600 денари по единица, на жиро сметка на НУБ. Изработениот CIP запис треба да се најде испечатен на некоја од почетните страници (вградување на записот во публикацијата, во неизменета форма, на стандардизирано, издвоено, графички истакнато место, без превод, менување писмо, редизајн, дополнување, скратување итн.)
По излегувањето од печат, Издавачот има законска обврска да достави 5 примероци од единицата во Националната и универзитетска библиотека - 5 примероци, за секој јазик/писмо на исто издание (сите видови ЗП), 5 примероци, за секое повторено печатење/умножување (сите видови ЗП) и 1 примерок на магистерски и докторски трудови (Библиотеката на ФЕИТ по службена должност ги испраќа магистерските тези и докторските дисертации).
Освен во НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, по најмалку 5 примероци од учебниците се доставуваат во Библиотеката на ФЕИТ, а најмалку еден примерок, доколку не се работи за учебно помагало.
За повеќе информации можете да ја посетите веб страната на НУБ.