Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ Уписи 2017 Често поставувани прашања за уписите

Често поставувани прашања за уписите

 

Прашање: Дали можам да конкурирам на ФЕИТ доколку од државната матура немам полагано екстерен предмет математика?

Одговор: ДА. Кандидатите кои на државната матура не полагале екстерен предмет математика, исто имаат право да конкурираат со таа разлика што поените  добиени од вториот изборен екстерен предмет, се множат со фактор 0,5. (Упатство за пресметување на поените).

Прашање: Дали можам да се пријавам во првиот уписен рок со несоодветен екстерен или интерен предмет од матура?

Одговор: ДА. Со тоа што поените се пресметуваат согласно конкурсот, чија што методологија можете да ја најдете опишана на нашата веб страна (Упатство за пресметување на поените).

Прашање: Дали при уписот можеме да донесеме на увид оригинална диплома за завршено средно образование, а притоа да доставиме заверена копија од истата (оригиналот го земаме со нас)?

Одговор: НЕ. При уписот на Факултет неопходно е да се приложат ОРИГИНАЛИ од СИТЕ документи. Тоа значи дека во досието остануваат оригиналите. Доколку Ви е потребен кој било документ за приложување на друго место, најдобро е за Вас да направите заверени копии. Истото важи и за дипломите од натпереварите и за СИТЕ други документи.


Прашање: Дали квантитетот на освоените награди од натпревари е важен при уписот и при апликацијата за стипендии, или не ?

Одговор:При уписот на Факултетот освоените награди не влегуваат во сумата на бодови по кои се рангираат пријавените кандидати. А при апликацијата за стипендии, квантитетот на наградите не е од големо значење, туку „квалитетот“, односно дали се работи за државен или меѓународен натпревар, и секако освоеното место на натпреварот.

Прашање: Дали ФЕИТ доделува стипендии за студирање?

Одговор: ФЕИТ континуирано, секоја година доделува стипендии за сите новозапишани студенти кои имаат освоено прва награда на државни или прва, втора или трета награда на меѓународни натпревари по математика, физика, информатика и електротехника.

Прашање: Каде да го најдам интерниот пријавен лист за запишување на ФЕИТ?

Одговор: Интерниот пријавен лист се печати преку соодветниот линк од порталот за електронско пријавување на УКИМ (www.upisi.ukim.mk).