Пријавување
Пријавување на кандидати за Упис 2016
Пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2016/2017 година во третиот уписен рок ќе се врши на 15.09.2016 година.
КАДЕ: На шалтерите од Службата за студентски прашања (на трети кат).
КОГА: Во термини од 9 до 14:30 часот.
Пред поднесување на документите на ФЕИТ, кандидатите е неопходно да извршат електронско пријавување преку системот IKNOW на УКИМ.
Системот IKNOW е веќе отворен за пријавување во третиот уписен рок.
Потребно е да се регистрирате и да ја пополните електронската пријава.
Упатство за електронско пријавување
Пред поднесувањето на документи за упис, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online Порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk.
Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот - не отварајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè до поднесување на докумнентите на деновите на упис.
Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.
Со користење на Порталот, кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци до денот на уписот, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на уписот.
Потребни документи при пријавување
-
Пријава од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за запишување (се купува од книжара);
-
Уплатница за уплатени административни такси од 50 денари (список кодови општини);
-
Оригинални свидетелства од сите класови*;
-
Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)*;
-
Извод од матична книга на родените (независно колку е стар)(оригинал) + копија од извод од матична книга на родените;
-
Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение – независно колку е старо);
-
Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии;
-
Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (се печати од електронската пријава) - IKnow;
-
Изјава за национална припадност (се приложува само ако во сведителствата и дипломите не е наведена националната припадност) (се печати од електронската пријава);
-
Изјава за неподигање на документите (се печати од електронската пријава);
- Дипломи што евентуално биле освоени во текот на средното образование согласно точка 3 од одлуката за Стипендии за идните студенти на ФЕИТ.
*) Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат копии заверени на нотар од своите документи.
Документи и линкови
1. Информации и упатство за електронското пополнување на пријавите на УКИМ