Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ УПИСИ 2016 Пресметување на поените за селекција на кандидатите

Пресметување на поените за селекција на кандидатите

Упатство за пресметка на поени

1. Кандидати кои полагале државна матура во учебната 2015/2016, 2014/2015 и во учебната 2013/2014


Кандидатите можат да освојат најмногу 100 поени, во кои успехот од средното образование учествува со 60%, а успехот од државната матура учествува со 40%.

  • Поени од средно образование

Поените од средното образование (ПСО) се пресметуваат на следниот начин:

formula1.1.2014.png

 

  • Поени од трите екстерни предмети

Ако кандидатот полагал соодветен предмет, тогаш поените за тој екстерен предмет (ПЕС) се пресметуваат на следниот начин:

formula1.2.2014.png

Ако кандидатот полагал несоодветен предмет, тогаш поените за тој екстерен предмет (ПЕН) се пресметуваат на следниот начин:

formula1.3.2014.png

Може да се освојат најмногу 30 поени од сите три предмети.

 

  • Поени од интерниот предмет

Ако кандидатот полагал соодветен предмет, тогаш поените за интерниот предмет (ПИС) се пресметуваат на следниот начин:

ПИС = оценка Х 1,2

Ако кандидатот полагал несоодветен предмет, тогаш поените за интерниот предмет (ПИН) се пресметуваат на следниот начин:

ПИН = оценка Х 0,8

Од интерниот предмет може да се освојат најмногу 6 поени за соодветен предмет, односно најмногу 4 поени за несоодветен предмет.

 

  • Поени од проектна задача

Поените од проектната задача (ПЗ) се пресметуваат на следниот начин:

ПЗ = оценка Х 0,8

Од проектната задача може да се освојат најмногу 4 поени.

 

2. Кандидати кои полагале државна матура заклучно со учебната 2012/2013


Кандидатите можат да освојат најмногу 100 поени, во кои успехот од средното образование учествува со 60%, а успехот од државната матура учествува со 40%.


  • Поени од средно образование

Поените од средното образование (ПСО) се пресметуваат на следниот начин:

formula1.1.2014.png

 

  • Поени од двата екстерни предмети

Ако кандидатот полагал соодветен предмет, тогаш поените за тој екстерен предмет (ПЕС) се пресметуваат на следниот начин:

formula1.2.2014.png

Ако кандидатот полагал несоодветен предмет, тогаш поените за тој екстерен предмет (ПЕН) се пресметуваат на следниот начин:

formula1.3.2014.png

Може да се освојат најмногу 20 поени од двата предмета.


  • Поени од двата интерни предмета

Ако кандидатот полагал соодветен предмет, тогаш поените за интерниот предмет (ПИС) се пресметуваат на следниот начин:

ПИС = оценка Х 1,6

Ако кандидатот полагал несоодветен предмет, тогаш поените за интерниот предмет (ПИН) се пресметуваат на следниот начин:

ПИН = оценка Х 1

Од двата интерни предмета може да се освојат најмногу 16 поени.

 

  • Поени од проектна задача

Поените од проектната задача (ПЗ) се пресметуваат на следниот начин:

ПЗ = оценка Х 0,8

Од проектната задача може да се освојат најмногу 4 поени.

 

3. Кандидати кои полагале училишна матура или завршен испит по завршено средно образование со четиригодишно траење.

 

  • Поени од средно образование

Поените од средното образование (ПСО) се пресметуваат на следниот начин:

formula1.1.2014.png

 

  • Поени од училишна матура/завршен испит

Кандидатите можат да освојат најмногу 20 поени од училишната матура, односно завршниот испит. Поените од училишна матура/завршен испит (ПУМ/ПЗИ) се пресметуваат на следниот начин:

ПУМ/ПЗИ = оценка по прв предмет Х 1,6 + оценка по втор предмет Х 1,6

Оценките од предметите кои се полагаат на училишна матура, односно завршен испит се множат со коефициент 1,6, а вака добиените производи се собираат. По овој основ може да се добијат најмногу 16 поени.

 

  • Поени од проектна задача

Поените од проектната задача (ПЗ) се пресметуваат на следниот начин:

ПЗ = оценка Х 0,8

Од проектната задача може да се освојат најмногу 4 поени.

 

4. Кандидати кои средното образование го завршиле пред учебната 2007/2008 година.

 

  • Поени од средно образование

Поените од средното образование (ПСО) се пресметуваат на следниот начин:

formula1.1.2014.png

 

  • Поени од предмети значајни за студиската програма на која се запишуваат

За запишување на ФЕИТ значајни предмети се: математика (задолжително) и физика, информатика или основи на електротехника (по избор на кандидатот).

Поените за секој од двата предмети (ПЗП) се пресметуваат на следниот начин:

formula4.2.2014.png