Државна матура
Листа на екстерни предмети и интерен предмет од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии за кандидатите што полагале државна матура во учебната 2015/2016, учебната 2014/2015 и учебната 2013/2014 година
- За сите кандидати задолжителен екстерен испит е предметот: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
- Прв изборен екстерен испит за кандидатите со гимназиско образование и со средно стручно образование е предметот: математика или странски јазик, а за кандидатите со средно уметничко образование е: странски јазик или естетика/филозофија.
- Во прегледот се дадени вториот изборен екстерен предмет и интерниот предмет, кои кандидатите ги избираат при полагањето на државната матура, а кои се значајни за соодветната студиска програма:
ВТОР ИЗБОРЕН ЕКСТЕРЕН ПРЕДМЕТ * |
ИЗБОРЕН ИНТЕРЕН ПРЕДМЕТ |
странски јазик, хемија, физика, биологија или математика (основно или напредно ниво) (не може да се избере предмет што веќе е одбран како прв изборен предмет) |
за гимназија: предмет по избор на кандидатот (информатика, еден од претходно споменатите или некој сосема друг различен предмет) за средно стручно образование и за средно уметничко образование: предмет по избор на кандидатот (информатика, еден од претходно споменатите или некој сосема друг различен предмет) |
* Предметите странски јазик, математика, естетика и филозофија може да се изберат доколку не се избрани како прв изборен екстерен предмет.
Листа на екстерни предмети и интерни предмети од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии за кандидатите што полагале државна матура заклучно со учебната 2012/2013 година
- За сите кандидати задолжителен екстерен испит е предметот мајчин јазик.
- Во прегледот се дадени другите предмети (екстерни и интерни) кои кандидатите ги избираат при полагањето на државната матура, а кои се значајни за соодветната студиска програма:
ЕКСТЕРЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ |
ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ |
математика (најмалку основно ниво) |
за гимназија:
за средно стручно образование:
|
Предмети кои се бодираат при вреднувањето на успехот од средното образование за кандидатите кои средното образование го завршиле пред учебната 2007/08 година и не полагале државна матура
ПРВ ПРЕДМЕТ |
ВТОР ПРЕДМЕТ |
математика |
по избор на кандидатите:
|