Пријавување
Пријавување на кандидати за Упис 2014 во третиот уписен рок
Пријавувањето на кандидатите за упис на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ во учебната 2014/2015 година во третиот уписен рок ќе се врши на 16.9.2014 година.
КАДЕ: На шалтерите од Службата за студентски прашања (на трети кат).
КОГА: Во термини од 11 до 15 часот.
Eлектронско пополнување на пријавата и печатење на генерираните листови од системот (за оние што тоа не го направиле навреме): Во Службата за студентски прашања (на трети кат)
Пред поднесување на документите на ФЕИТ, кандидатите е неопходно да извршат електронско пријавување преку системот IKNOW на УКИМ.
Системот IKNOW е веќе отворен за пријавување. Потребно е да се регистрирате и да ја пополните електронската пријава.
Упатство за електронско пријавување
Пред поднесувањето на документи за упис, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online Порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ (www.upisi.ukim.mk).
Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: изјавата за национална припадност, изјавата за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.
Со користење на Порталот, кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци до денот на уписот, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на уписот.
Потребни документи при пријавување
-
Пријава од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за запишување (се купува од книжара);
-
Уплатница за уплатени административни такси од 50 денари (список кодови општини);
-
Оригинални свидетелства од сите класови*;
-
Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)*;
-
Извод од матична книга на родените (независно колку е стар)(оригинал) + копија од извод од матична книга на родените;
-
Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение – независно колку е старо);
-
Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии;
-
Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (се печати од електронската пријава) - IKnow;
-
Изјава за национална припадност (се приложува само ако во сведителствата и дипломите не е наведена националната припадност) (се печати од електронската пријава);
-
Изјава за неподигање на документите. (се печати од електронската пријава);
- Изјава за користење на личните податоци. (се печати од електронската пријава).
*) Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат копии заверени на нотар од своите документи.
Документи и линкови
1. Информации и упатство за електронското пополнување на пријавите на УКИМ