Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ Стипендии

Стипендии

Стипендии за идните студенти на ФЕИТ

Идните студенти што ќе се запишат во прва година на ФЕИТ имаат можност да добијат стипендии.

 

  1. Трите електроенергетски компании АД МЕПСО, АД ЕЛЕМ и ЕВН Македонија ќе доделат стипендии на 15 студенти од прва година на електроенергетските насоки по завршувањето на првиот семестар. Висината на стипендијата изнесува 100 евра месечно, во период од 10 месеци како и продолжување на стипендијата до крајот на студирањето доколку задржат просечна оценка над 8.0.
  2. УКИМ ќе додели стипендии на 10 кандидати на конечните ранг-листи на примени кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок во академската 2014/2015 година. Стипендијата ја покрива школарината за студирање за академската 2014/2015 година.
  3. ФЕИТ ќе додели стипендии во висина на школарината од 200 евра на сите запишани студенти во прва година, кои што како средношколци освоиле:
    • Прво, второ и трето место на меѓународни натпревари по предметите математика, физика и информатика
    • Прво место на државните натпревари по математика, физика и информатика и сите други области што се негуваат на факултетот
    • Прво место на државниот натпревар на Народна техника од областите што се негуваат на факултетот
  4. ИНСТИТУТОТ ЗА ЕЛЕКТРОНИКА ќе додели пет стипендии во прва година во висина на школарината од 200 евра на студентите пријавени за упис на програмата КХИЕ кои се највисоко рангирани при уписот.
  5. МАКО СИГРЕ ќе додели една годишна стипендија во висина на школарината од 200 евра за најдобриот средношколец што ќе се запише на електоенергетските насоки.
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
април
« април 2024 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930