Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ Често поставувани прашања за уписите

Често поставувани прашања за уписите


Прашање: Дали можам да се пријавам во првиот уписен рок со несоодветен екстерен или интерен предмет од матура?

Одговор: ДА. Со тоа што поените се пресметуваат согласно конкурсот, чија што методологија можете да ја најдете опишана на нашата веб страна (Упатство за пресметување на поените).

Прашање: Дали при уписот можеме да донесеме на увид оригинална диплома за завршено средно образование, а притоа да доставиме заверена копија од истата (оригиналот го земаме со нас)? .

Одговор:НЕ. При уписот на Факултет неопходно е да се приложат ОРИГИНАЛИ од СИТЕ документи. Тоа значи дека во досието остануваат оригиналите.Доколку Ви е потребен кој било документ за приложување на друго место, најдобро е за Вас да направите заверени копии. Истото важи и за дипломите од натпереварите и за СИТЕ други документи.


Прашање: Дали квантитетот на освоените награди од натпревари е важен при уписот и при апликацијата за стипендии, или не ?

Одговор: При уписот на Факултетот освоените награди не влегуваат во сумата на бодови по кои се рангираат пријавените кандидати. А при апликацијата за стипендии, квантитетот на наградите не е од големо значење, туку „квалитетот“, односно дали се работи за државен или меѓународен натпревар ,и секако освоеното место на натпреварот.

Прашање: Дали ФЕИТ доделува стипендии за студирање?

Одговор: ФЕИТ континуирано, секоја година доделува стипендии за сите новозапишани студенти кои имаат освоено прва награда на државни или прва, втора или трета награда на меѓународни натпревари по математика, физика, информатика и електротехника.

Прашање: Каде да го најдам интерниот пријавен лист за запишување на ФЕИТ?

Одговор: Интерниот пријавен лист се печати преку соодветниот линк од порталот за електронско пријавување на УКИМ (www.upisi.ukim.mk).















Коментар

Додади коментар.

(неопходно)
Внесете го вашето име
(неопходно)
(неопходно)
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
април
« април 2024 »
повтсрчепесане
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930