Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ Уписи 2018 Државна матура

Државна матура

Листа на екстерни предмети и интерен предмет од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии за кандидатите што полагале државна матура од учебната 2013/2014 до учебната 2017/2018 година


  1. За сите кандидати задолжителен екстерен испит е предметот: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
  2. Прв изборен екстерен испит за кандидатите со гимназиско образование и со средно стручно образование е предметот: математика или странски јазик, а за кандидатите со средно уметничко образование е: странски јазик или естетика/филозофија.
  3. Во прегледот се дадени вториот изборен екстерен предмет и интерниот предмет, кои кандидатите ги избираат при полагањето на државната матура, а кои се значајни за соодветната студиска програма:

ВТОР ИЗБОРЕН ЕКСТЕРЕН ПРЕДМЕТ *

ИЗБОРЕН ИНТЕРЕН ПРЕДМЕТ

еден од изборните екстерни предмети, задолжително е математика**

за гимназија: без ограничување

за средно стручно образование и за средно уметничко образование:

без ограничување

* Предметите странски јазик, математика, естетика и филозофија може да се изберат доколку не се избрани како прв изборен екстерен предмет.

**Кандидатите кои на државната матура не полагале екстерен предмет математика, исто имаат право да конкурираат со таа разлика што поените добиени од вториот изборен екстерен предмет, се множат со фактор 0,5.


Листа на екстерни предмети и интерни предмети од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии за кандидатите што полагале државна матура заклучно со учебната 2012/2013 година


  1. За сите кандидати задолжителен екстерен испит е предметот мајчин јазик.
  2. Во прегледот се дадени другите предмети (екстерни и интерни) кои кандидатите ги избираат при полагањето на државната матура, а кои се значајни за соодветната студиска програма:

ЕКСТЕРЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ

ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ

математика

(најмалку основно ниво)

за гимназија:

  • физика, информатика или странски јазик (најмалку еден, а може и два предмета)
  • еден предмет по избор на кандидатот (еден од гореспоменатите предмети или некој друг сосема различен предмет)

за средно стручно образование:

  • физика, информатика или странски јазик (најмалку еден, а може и два предмета)
  • еден стручен предмет според образовниот профил, по избор на кандидатот (еден од гореспоменатите предмети или некој друг сосема поразличен предмет)

Предмети кои се бодираат при вреднувањето на успехот од средното образование за кандидатите кои средното образование го завршиле пред учебната 2007/08 година и не полагале државна матура


ПРВ ПРЕДМЕТ

ВТОР ПРЕДМЕТ

математика

по избор на кандидатите:

  • физика
  • основи на електротехника
  • информатика