Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Робомак 2014 RoboMac 2014 од 04-ти до 08-ми март

RoboMac 2014 од 04-ти до 08-ми март

robomak_logo_2014.jpg

MK_flag.png UK_flag.png

Годинава по петти пат ќе се одржи семинарот за роботика RoboMac, чија цел е популаризација на роботиката меѓу студентите од Македонија и Европа. Некои од целите на RoboMac се: oвозможување на практична работа од областа на роботиката; меѓусебна размена на знаења и искуства од оваа област помеѓу домашните и странските учесници; приближување на роботиката кон средношколците и тн.

На семинарот, кој ќе се одржи oд 4-ти до 8-ми март учество ќе земат 40 домашни и 40 странски учесници, кои по четиридневната обука ќе си ги одмерат силите на финалниот натпревар.

Во рамките на RoboMac 2014 предавања ќе одржат истакнати професори и македонски експерти во доменот на роботиката, кои ќе им го пренесат своето знаење на учесниците.

Учесниците во текот на семинарот ќе присуствуваат на предавањата, а истовремено ќе работат во меѓународно мешани тимови и ќе ги склопуваат своите роботи, ќе ја развиваат нивната вештачка интелигенција и ќе ги подготвуваат за финалниот натпревар. Како и секоја година, се со цел да се задржи трендот на иновативност и внесување на новитети во натпреварувањето, и оваа година ќе се промовира нова категорија- Right Target. Целата манифестација ќе кулминира на 8 март кога ќе се одржи финалниот натрпеварот во Домот на АРМ и ќе бидат прогласени победниците во категориите:

    • Сумо - два робота се борат помеѓу себе со цел едниот да биде исфрлен од рингот;
    • Роботска рака - да се истакнат прецизноста, брзината и стабилноста на роботската рака која ги симулира движењата на човековата рака;
    • Хуманоид - се оценува комплексноста на изведената точка;
    • Трка - роботи кои следат линија ќе се тркаат на патека;
    • Right Target - роботите поминуваат по одредена шема пребарувајќи го точниот распоред на балони кои треба да ги дупнат по однапред зададен редослед.

Пријавувањето за учество на настанот ќе трае во перодот 10-16.02.2014 г. на официјалната страна на RoboMac 2014- http://robomac.eestec-sk.org.mk/, каде може да најдете и подетални информации.

RoboMac 2014 е во организација на на три студентски организации, сите активни на техничкиот кампус на УКИМ (Студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ, ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Студентски парламент на ФЕИТ).