Предавање на тема 'Liquid crystal, OLED and electrophoresis research at Ghent University' од проф. д-р Кристиан Нејтс од Гент Универзитетот во Белгија
На покана од Лабораторијата по физика при Институтот за математика и физика на ФЕИТ, на 12 септември 2011 година, ќе одржи предавање светски реномираниот професор и научник од областа на фотониката, проф. д-р Кристиан Нејтс (Kristiaan Neyts) од Гент Универзитетот во Белгија (http://www.elis.ugent.be).
Предавањето насловено како „Liquid crystal, OLED and electrophoresis research at Ghent University“ ќе започне во 12:00 часот во Салата за конференции на ФЕИТ, а ќе даде преглед на истражувачката работа на Гент универзитетот, посебно на ELIS департментот и групата на проф. Нејтс ( http://lcp.elis.ugent.be), со цел да се најдат можности за идна соработка на заеднички истражувачки проекти, трансфер на знаења и искуства, како и можности за стручно усовршување на Гент универзитетот.
Во прилог е дадена кратката биографија на проф. Кристиан Нејтс.
Прилог: Биографија