Предавање - NANONETWORKS: A NEW FRONTIER IN COMMUNICATIONS
кога |
24.06.2013. од 11:00 до 17:55 |
---|---|
Додај настан во календар |
вКал (vCal) иКал (iCal) |
Предавање од проф. д-р Иан Акилдиз (Ian Akyildiz) од Институтот за технологија на Џорџија, САД (Georia Institute of Tehchnology, USA) на темата:
„NANONETWORKS:A NEW FRONTIER IN COMMUNICATIONS“
На 24.06.2013, понеделник, со почеток во 11:00 часот во Ректоратот на УКИМ предавање ќе одржи проф. д-р Иан Акилдиз (Ian Akyildiz) од Институтот за технологија на Џорџија, САД, (Georia Institute of Tehchnology, USA), на темата „Nanonetworks: a new frontier in communications“.
Предавањето е во организација на Институтот за телекомуникации (ИТК) при ФЕИТ, Истражувачката група Wireless Networks Group (WiNGroup), Докторската школа на УКИМ (студиска програма ЕИТ) и IEEE ComSoc Македонија.
Професорот Акилдиз е добитник на голем број меѓународни признанија и награди, а тековно раководи со Лабораторијата за широкопојасни безжични мрежи на Факултетот за електротехника и компјутерско инженерство при Институтот за технологија на Џорџија, САД (http://www.ece.gatech.edu/research/labs/bwn), а повеќе информации за предавањето и за предавачот се дадени во прилог.