Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Подготвителна настава по математика и физика за новите студенти

Подготвителна настава по математика и физика за новите студенти

кога 01.09.2014. 00:00 до
12.09.2014. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

 

 

 

СООПШТЕНИЕ

ЗА ТЕРМИНИ НА ЧАСОВИТЕ ОД

Подготвителната настава по математика и физика, 2014


Се известуваат заинтересираните слушатели на подготвителната настава по математика и физика, дека пријавувањето за следење на часовите е во тек и ќе трае до понеделник, 01.09.2014 до 14 часот. Кандидатите треба да се пријават со приложување на уплатница во Деканатот на ФЕИТ (кај Анета Јовановска во дактило биро). Наставата ќе започне од 02.09.2014 година, вторник, од 10 часот. Наставата ќе содржи по 20 (дваесет) часови по секој од предметите, распоредени во две работни седмици. Распоредот на часови е даден во продолжение:

Понеделник

01.09.2014

Вторник 02.09.2014

Среда 03.09.2014

Четврток 04.09.2014

Петок 05.09.2014

10:00-11:00

ПРИЈАВУВАЊЕ

Математика

Математика

Математика

Математика

11:00-12:00

Математика

Математика

Математика

Математика

12:00-13:00

Физика

Физика

Физика

Физика

13:00-14:00

Физика

Физика

Физика

Физика

14:00-15:00

Физика

Физика

Физика

Физика

 

Понеделник

08.09.2014

Вторник 09.09.2014

Среда 10.09.2014

Четврток 11.09.2014

Петок 12.09.2014

10:00-11:00

ПРАЗНИК

Физика

Физика

Физика

Физика

11:00-12:00

Физика

Физика

Физика

Физика

12:00-13:00

Математика

Математика

Математика

Математика

13:00-14:00

Математика

Математика

Математика

Математика

14:00-15:00

Математика

Математика

Математика

Математика

Часовите од Подготвителната настава ќе се одржат во Лабораторијата по физика Б, која се наоѓа во анексот на ФЕИТ (со влез од паркингот кон ТМФ - види мапа).

image001.png

Институт за математика и физика при ФЕИТ


СООПШТЕНИЕ

Факултетот за електротехника и информациски технологии

Организира

image001.gif

ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ

 

Институтот за математика и физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии, во Скопје, традиционално, неколку години наназад, организира подготвителни курсеви по математика и физика за новите студенти. Посетувањето на подготвителните курсеви по базичните предмети (математика и физика) е од особено значење заради успешно вклучување на новите студенти во првата година од наставата на овој Факултет.

Подготвителните курсеви  по математика и физика предвидуваат реализација на наставата во 20 школски часа, распоредени во 2 (две) работни седмици, по секој од предметите одделно. Почетокот на реализација на курсевите е предвиден за 1 септември 2014, односно подготвителната настава ќе се одржи во периодот од 01.09.2014 - 12.09.2014,  според распоред кој ќе биде објавен дополнително.

Цената на секој од курсевите (посебно) што новите студенти треба да ги уплатат на факултетската жиро сметка изнесува по 2000 ден. Сумата треба да се уплати на сметката на Факултетот дадена подолу. Кандидатите треба да се пријават со приложување на уплатница во Деканатот на ФЕИТ (кај Анета Јовановска во дактило биро) до 29.08.2014 до 14 часот, со цел на дознака:

  • за подготвителна настава по математика или
  • за подготвителна настава по физика.

image002.jpg

 

КРАТКА СОДРЖИНА на материјалот за подготвителна настава по МАТЕМАТИКА на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје
  1. Алгебарски изрази: Степен со показател цел број. Рационални изрази. Полиноми. Реални броеви. Корен од реален број. Степен со показател рационален број. Степен со показател реален број.
  2. Линеарни функција: Линеарна равенка. Линеарна функција. Систем од две линеарни равенки со две непознати. Линеарни неравенки. Систем од две линеарни неравенки со една непозната.
  3. Квадратна функција: Квадратна равенка. Систем од една линеарна неравенка и една квадратна равенка со две непознати. Квадратна функција (парност, нули на функција, монотоност, максимум и минимум). Квадратни неравенки.
  4. Експоненцијална и логаритамска функција: Експоненцијална функција(дефинициона област, множество вредности, монотоност, максимум и минимум). Експоненцијални равенки и неравенки. Логаритамска функција. Логаритамски равенки и неравенки
  5. Тригонометриски функции: Графици и својства на тригонометриски функции (дефинициона област, множество вредности, парност, периодичност, монотоност, максимум и минимум). Тригонометриска кружница.
  6. Аналитичка геометрија во рамнина: Вектори и операции со вектори. Права во рамнина. Општ облик равенка на права, експлицитен облик и сегментен облик равенка на права. Равенка на права низ две точки. Растојание меѓу права и точка. Кружница. Равенка на тангента на кружница.
  7. Планиметрија и стереометрија: Планиметрија. Правоаголен, рамнокрак, разностран триаголник. Паралелограм, ромб, трапез, круг. Периметар и плоштина на рамнински лик. Стереометрија. Призма, пирамида,цилиндар, сфера. Плоштина и волумен.
  8. Аритметичка и геометриска прогресија: Аритметичка прогресија (општ член на аритметичка прогресија, разлика на аритметичка прогресија, сума на аритметичка прогресија). Геометриска прогресија (општ член, количник, сума на геометриска прогресија).
  9. Комплексни броеви: Комплексен број и конјугирано комплексен број. Комплексна рамнина. Модул на комплексен број. Операции со комплексни броеви.
  10. Трансформација на графици

 

 

КРАТКА СОДРЖИНА на материјалот за подготвителна настава по ФИЗИКА на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје
  1. Физички величини и единици
  2. Кинематика на материјална точка: Елементи на механичко движење на материјална точка. Рамномерно праволиниско движење. Променливо праволиниско движење. Слободно паѓање и вертикален истрел. Криволиниско движење. Движење по кружница.
  3. Динамика: Њутнови закони. Еластична сила. Сила на триење. Инерцијална сила. Импулс на телото. Закон за запазување на импулсот. Закон за гравитација и гравитационо поле. Механичка работа. Моќност. Механичка енергија. Закон за запазување на механичката енергија.
  4. Динамика на вртливо движење: Кинематика на ротационо движење на тврдо тело. Момент на сила. Работа и енергија на ротационо движење. Закон за запазување на момент на импулс.
  5. Механика на флуидите: Притисок (Паскалов закон). Потисок (Архимедов закон). Равенка на континуитет. Бернулиева равенка. Торичелиева равенка.
  6. Механички осцилации и бранови: Елементи на осцилаторно движење. Брзина, забрзување, сила и енергија при хармониски осцилации. Математичко нишало. Браново движење, карактеристики и видови на брановите. Равенка на бран. Звучни бранови. Брзина на звук. Ултразвук.
  7. Основи на молекуларно-кинетичката теорија и термодинамика: Температура и нејзино мерење. Равенка за состојба на идеален гас. Изопроцеси кај гасовите. Количество на топлина. Топлиниски и специфичен топлински капацитет.
  8. Електрично поле: Еднонасочна струја Кулонов закон. Електрично поле. Работа на електрично поле. Електричен потенцијал и напон. Електричен капацитет. Кондензатор. Електромоторна сила. Омов закон. Кирхофови закони. Отпрници и нивно поврзување. Работа, енергија и моќност на еднонасочна струја. Зависност на отпорот од температурата.
  9. Светлински појави: Спектар на електромагнетно зрачење. Природа на светлината и нејзино простирање. Одбивање на светлината. Рамно и сферно огледало. Прекршување на светлината. Прекршување низ тенки призми. рефлексија. Дисперзија на светлината. Оптички леќи. Интерференција и дифракција на светлината.
  10. Атомска и нуклеарна физика: Фотоелектричен ефект. Боров модел на водородниот атом. Рендгенско зрачење. Бранови својства на честичките. Состав на атомското јадро. Природна радиоактивност (a, b и g зрачење). Закон за радиоактивно распаѓање. Енергија врзување на атомското јадро.