Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Планинарска тура "Водно 2017 година"

Планинарска тура "Водно 2017 година"

кога 27.10.2017.
од 10:00 до 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

 

 

 

logo_ukim.png

 

На 27.10.2017 година (петок) ќе се одржи спортско-рекреативен и забавен ден, 32-ра по ред есенска студентска планинарска тура “Водно 2017 година”.

Традиционално, покровител на Планинарската тура е Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Оваа спортска активност се одржува по повод “13 Ноември” – Денот на ослободувањето на град Скопје.

Стартот на планинарската тура е со почеток во 10:00 часот на платото пред хотелот "Средно Водно".

Секој студент од прва година треба да го понесе својот индекс и е ослободен од редовните обврски на факултетот.

Учеството е особено препорачано за студентите од прва година на факултетите, но поканата се однесува на сите студенти и вработени од УКИМ.