Meet the Masters by MUFFIN
кога |
17.11.2018. од 09:30 до 12:30 |
---|---|
Додај настан во календар |
вКал (vCal) иКал (iCal) |
Meet the Masters by MUFFIN е конференција која и оваа година ќе собере стотици ИТ специјалисти од Македонија. Конференцијата за технички и меки вештини (soft skills) ќе се одржи на 17.11.2018 во City Hall Center (кеј Димитар Влахов бб, Скопје). Влезот на настанот е бесплатен, со задолжително регистрирање на веб страната: muffin.musala.com
Keynote спикер на конференцијата е Peter Kriens кој ќе ја претстави темата “Building modular IoT with bundles. Most importantly, it works!“. Peter Kriens има долгогодишно програмерско искуство за големи компании како Ericsson, Intel, Adobe и многу други.
Освен тоа, на настанот ќе ја проследите фамозната битка на двата програмски јазици Java и .NET, на која искусни ИТ специјалисти од Мусала Софт ќе се спротистават во вербален двобој. Дополнително, на конференцијата ќе има предавања и панели за дискусија за следниве теми: Project Delivery, Declarative programming, Quality Assurance.
Панелот за дискусија, предводен од Делјан Лилов, Chief Executive Officer, Александар Убавков, Regional Manager и Роберт Павлов, Delivery Manager, со наслов Top Software Delivery pitfalls and how to tackle them! ќе ги објаснат фазите при испорака на софтвер, со кои ситуации најчесто се соочуваат и како најлесно ги решаваат проблемите.
Презентацијата Declarative Programming, предводена од Мито Белопета, Senior Software Engineer ќе ни објасни како фунционира декларативното програмирање, кои се најновите трендови и најлесен начин за изнаоѓање на решенија на комплексни проблеми.
Презентацијата за Quality Assurance, предводена од Невин Котева, Software Test Architect, која гласи Automating physical interaction for IoT ќе ги опфати предизвиците со кои таа и нејзиниот тим се соочуваат секојдневно при автоматско тестирање.
Регистрација на Meet the Masters 2018 започнува од 09:30 часот, а отварањето е во 10:15 часот. Настанот ќе го отвори Делјан Лилов, Извршен директор на Мусала Софт со поздравен говор до присутните.
Традиционално, гостите на конференцијата можат да очекуваат пријатна атмосфера, атрактивни награди и изненадувања, обезбедени од партнерите на настанот. Партнери на овогодинешното издание на Meet the Masters се: Vincinni; 7 days, Pizza Italiana - Kolid Food; Plazma, Jos - Bambi; Oriflame; Kozuvcanka; Golden Tour; SEAT - Porsche Macedonia; Bile Optik; IluziUM; Kinezika; Medicus Help; Akademska kniga; Goblin; Amstel - Skopska Pivara.
Meet the Masters by MUFFIN е годишна конференција, организирана од софтверската компанија Мусала Софт. Настанот, секоја година има за цел да обедини стотици софтверски инженери, ИТ професионалци и најдобри предавачи од сферата на технологии, иновации, трендови, процеси и меки вештини (soft skills).
Meet the Masters Team!