Летна школа "Дизајн на вградливи компјутерски системи"
кога |
04.07.2011. 18:25 до 08.07.2011. 18:25 |
---|---|
Додај настан во календар |
вКал (vCal) иКал (iCal) |
Од 04.07 до 08.07 на ФЕИТ ќе се одржи летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“ во рамките на DAAD проектот "Embedded System Design". Предавања ќе одржат колеги од IHP Microelectronics - Frankfurt (Oder), Електронскиот факултет во Ниш, Електротехничкиот факултет во Источно Сарајево, ФЕИТ и инженери, специјалисти во областа, од Сеавус - Скопје и СиВа - Скопје. Школата е отворена за сите заинтересирани, а за дваесет студенти на додипломските студии предвидена е можност да добијат еден ЕКТС кредит со изработка и презентација на микропроект.Имено, тие можат да се пријават со пополнување и испраќање на формулар.Агендата е дадена како линк.