Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани ITU Centre of Excellence elearning курс: „Next Generation Mobile and Wireless Networks”

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Next Generation Mobile and Wireless Networks”

кога 22.11.2011. 11:25 до
19.12.2011. 11:25
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Next Generation Mobile and Wireless Network” од 22 ноември до 19 декември 2011 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: http://academy.itu.int.

 

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски.

Овој курс ќе биде фокусиран кон следната генерација мобилни и безжични мрежи дефинирани според ITU рамката IMT-Advanced, која ги дефинира 4G мобилните мрежи. Притоа ќе бидат опфатени ITU побарувањата за 4G, NGN аспектите на мобилните мрежи, интернет протоколите за контрола и сигнализација во 4G (SIP, Diameter, Mobile IP), како и новите мобилни и безжични технологии (LTE, LTE-Advanced, 802.11n, 802.16m). Досега две технологии се прифатени во IMT-Advanced рамката на ITU: LTE-Advanced и Mobile WiMAX 2.0 (802.16m). Согласно на тоа, курсот ќе ги опфати LTE мобилните мрежи, вклучувајќи го управувањето со спектарот, System Architecture Evolution (SAE), Common IMS (IP Multimedia Subsystem), сервисите преку LTE мрежи, имплементацијата на LTE мрежи, како и регулативата и бизнис аспектите за LTE. Понатаму, курсот ќе ги опфати LTE-Advanced (4G) мобилните мрежи како надградба на LTE, вклучувајќи ги напредните карактеристики (агрегација на носители, relay јазли), системската архитектура, поддршката за сервиси (VoIP, мултикаст и дифузни сервиси, локациски-базирани сервиси), и нивниот бизнис потенцијал. Исто така, курсот ќе ги покрие и Mobile WiMAX 2.0 (4G), вклучувајќи ги технологиите кои се користат во пристапните и скелетните мрежи, управувањето со спектарот, поддршката за квалитетот на сервисите (QoS), фемто-ќелиите и само-организирачките мрежи, VoIP и IPTV преку WiMAX 2.0, како и регулативата и бизнис аспектите.

 

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на следната генерација мобилни и безжични мрежи (4G), во однос на мрежниот дизајн, технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми / компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на следната генерација мобилни и безжични мрежи (4G) се исто така добредојдени да учествуваат.

 

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 21 ноември 2011 година.