Feel the EESTEC spirit!
| кога | 
                              23.04.2012. 10:00   до  25.04.2012. 15:00  | 
                    
|---|---|
| Додај настан во календар | 
                            
                                 | 
                    
ЕЕСТЕК е непрофитабилна студентска организација која нуди многу можности за вашето
студирање да стане интересно и забавно. Преку дружење, игри, запознавање и размена на
искуства со студенти од цела Европа, имате единствена можност да се стекнете со практични
знаења, како и со контакти за вашето идно дообразување и вработување.
Од 23.04.2012 (понеделник) до 25.04.2012 (среда) во периодот од 10:00 - 15:00 часот, во холот на
Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ, ќе биде поставен штанд на
кој ќе може да се информирате за активностите на ЕЕСТЕК. Промоцијата за нови членови ќе се
оддржи на 25.04.2012, среда, во 20:00 часот во амфитеатарот на ФЕИТ.
НАПРАВЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА СЕБЕ, СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ЕЕСТЕК!!!
За повеќе информации посете ја страницата: www.eestec-sk.org.mk







