Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани BETAPITCH - можност за промоција на Македонска технологија во Берлин

BETAPITCH - можност за промоција на Македонска технологија во Берлин

кога 06.10.2018. 08:00 до
07.10.2018. 16:00
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

 

 

logoINNOFEIT.jpg

 

Глобалниот акцелератор и еден од движечките центри на Берлинската стартап сцена Бетахаус преку својата програма BETAPITCH за прпат во Македонија ќе им даде можност на стартпати од овој регион да се претставаат пред Германската индустрија, во соработка со Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.

Викендот 6 / 7 Октомври во просториите на ИНОФЕИТ (Технички кампус на УКИМ) избраните 10-12 стартапи ќе добијат менторска помош за спремање на својот питч а во Недела на 7ми октомври ќе се презентираат пред Главниот оперативен директор на Бетахаус, која ќе дојде експлузивно за да присуствува на овој питчинг настан.

Најдобриот стартап ќе добие бесплатно патување на BETAPITCH Global & Investors Day во Берлин, на 15 ноември. На овој настан ќе можат да ја презентираат својота идеја - продукт пред Германската индустрија како и да изградат деловни односи со стартап скаути од сите поголеми Германски мултинационални компании кои имаат свои иновациски и стартап скаути во Берлин.

Ве очекуваме со вашите апликации на https://www.betapitch.net/skopje/

За следни информации следете не на https://www.facebook.com/events/327843344459457/?__mref=mb