Лични алати
Пријави се

Специјални електрични машини и нивно управување

Предмет: Специјални електрични машини и нивно управување

Код: 3ФЕИТ02022

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Гога Цветковски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет студентот ќе биде оспособен за анализа на работните режими и карактеристиките на специјалните електрични машини како и изведба на прототипи и нивни симулациски модели за компјутерски поддржана анализа на истите со помош на современи софтверски алатки вo кои се изработени тие модели.

Содржина на предметната програма: Видови на специјални електрични машини и нивни конструктивни особености. Примена на специјалните електрични машини. Основни големини, параметри и карактеристики на специјалните електрични машини. Вовед во теоријата на специјалните електрични машини. Видови специјални електрични машини: со возбуда од перманентни магнети поставени на статор/ротор; специјални електрични машини со радијален / аксијален флукс; реактивни машини; линеарни машини; еднофазни асинхрони / синхрони мотори; асинхрони мотори со засечени полови; сервомотори; тахогенератори; чекорни мотори, линеарни мотори,  машини со зголемена енергетска ефикасност и др.  Системи  и уреди (енергетски преобразувачи) за напојување, управување и регулација на специјалните електрични машини. Техники на управување за подобрување на енергетската ефикасност на целиот систем. Математички модели на специјалните електрични машини; методи и постапки за определување и анализа на карактеристиките на специјалните електрични машини. Параметри, статички и динамички карактеристики на специјалните машини. Компјутерска симулација, нумеричка пресметка и анализа на статичките и динамичките карактеристики на електричните машини со примена на различни методи и софтверски пакети (MATLAB, FEMM, PESIM и други).

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S. A. Nasar, I. Boldea, L. E. Unnewehr

“Permanent Magnet, Reluctance, and Self-Synchronous Motors

CRC Press

1993

2

J. F. Gieras, R. J. Wang, M. J. Kamper

Axial Flux Permanent Magnet Brushless Machines

Kluwer Academic Publishers

2004

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

T. J. E. Miller

Brushless Permanent-Magnet and Reluctance Motor Drives

Oxford Science Publications

1989