Оптички комуникации
Предмет: Оптички комуникации
Код: ФЕИТ10016
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: проф. д-р Александар Ристески
Содржина на предметната програма: Видови оптички интерконекции и архитектура на оптички комуникациски линкови. Примена на оптичките интерконекции на ниво на: WAN/MAN/LAN/SAN мрежи (out-of-the-box); систем/плоча/модул/чип (in-the-box). Предизвици за поголеми брзини на оптичките линкови (100 Gb/s Ethernet, Tb/s, …). Моделирање на електрично поле на ласер. Модална распределба на моќноста што се лансира во оптичкиот медиум. Моделирање на оптички приемник. Модели за простирање на светлината низ оптички медиум. Преносна функција на оптички медиум. Конектори, нивни трасфер матрици, слабеење, мешање на модовите и влијание на поместувањата во конекторот. Нумерички и симулациски модели за оптички линкови. Анализа на перформансите на оптичките линкови. Нелинеарни феномени. Оптички брановоди со правоаголен напречен пресек, нивни карактеристики и примена. Полимерни оптички влакна, нивни карактеристики и примена. Интегрирани оптички интеконекции.
Литература:
- G. Agrawal, “Nonlinear Fiber Optics (Optics and Photonics)”, Academic Press, 4 edition, 2006
- G. Agrawal, “Fiber-Optic Communication Systems”, Wiley-Interscience, 2002
- O. Ziemann, J. Krauser, P. Zamzow, W. Daum, “POF Handbook: Optical Short Range Transmission Systems”, Springer, 2nd edition, 2012