Квалитет на електрична енергија од ОИЕ
Предмет: Квалитет на електрична енергија од ОИЕ
Код: ФЕИТ02010
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски
Содржина на предметната програма: Начини на процена на повратни влијанија кон мрежата од ЕЕУ кои се составен дел на една електрична централа базирана на ОИЕ. Можности за мерење и проценка на фликерот, промената на напон, реактивната енергија и вишите хармоници. Пресметување на релативното зголемување на напон ΔuAn во мрежата од страна на повеќе производни постројки базирани на ОИЕ на секоја соодветна точка на приклучување. Услови за приклучување на мрежа на електрични постројки базирани на ОИЕ од аспект на задоволување на квалитетот на напонот согласно со стандардот ЕN50160. Активна компензација на вишите хармоници. Структура на активни филтри
Литература:
- Math.H.J. Bollen: Understanding power quality problems, IEEE Press, New York,2010
- W.Hofmann, J.Schlabbach, W.Just: Reactive power compensation a practical guide, John Wiley & Sons Ltd,2012
- D-A-CH-CZ, Technical rules for the assessment of network disturbances, VDEW,2007
- D-A-CH-CZ, Технички правила за повратните влијанија на мрежа, ЕВН Македонија и ФЕИТ (ПрофесориЧ Горан рафајловски, Крсте Најденкоски и Љубомир Николоски)
- EN 50160, Voltage characteristic of electricity supplied by public distribution system, IEC 1999
- G.Rafajlovski, K.Najdenkoski, Lj. Nikoloski, H.Haidvogl: Power quality monitoring and sample size analysis beyond en50160 and iec 61000-4-30, CIRED 2013