Лични алати
Пријави се

Програмирање на вградливи системи во ‘C’

Предмет: Програмирање на вградливи системи во ‘C’

Код: 3ФЕИТ05014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Зоран Ивановски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на обврските предвидени со предметот, студентот се стекнува со знаења и разбирање на програмските концепти и техники неопходни за оптимално и ефикасно програмирање на вградливите системи. Стекнатите знаења ќе овозможат и следење на останатите курсеви во домен на софтверот за вградливите системи.

Содржина на предметната програма: Работни околини за вградливи системи. Основни програмерски техники: контрола на текот на програмата, низи, функции. Управување со меморијата: покажувачи, низи од покажувачи; покажувачи кон функции и напредни поглавја за покажувачи; структури и унии. Податочни структури: временска анализа и анализа од аспект на меморијата на програмите; поврзани листи, стекови и редови. Условно преведување, директиви на предпроцесорот, операции со датотеки Фукнции со променливи аргументи, аргументи проследени од командна линија. Вовед во процеси. Вовед во системски повици. Напредни можности на преведувачот и поврзувачот.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A.N.Sloss, D.Symes and C. Wright

ARM System Developer's Guide: Designing and Optimizing System Software

Elsevier Inc.

2004

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Jonathan W. Valvano

Developing Embedded Software in C Using ICC11/ICC12/Metrowerks

University of Texas

2006