Нумерички методи
Предмет: Нумерички методи
Код: 3ФЕИТ08020
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Соња Геговска-Зајкова
Цели на предметната програма (компетенции): Оспособување за конструирање математички модели и совладување техники за нумеричко решавање разни проблеми од областа на природните, техничките и општествените науки. Усвојување на најчесто користените нумерички методи и критериуми за избор на најсоодветен метод базирани на нумеричка прецизност, ефикасност и стабилност.
Содржина на предметната програма: Математичко моделирање. Општи итеративни постапки (конвергенција на постапката, оцена на грешката, критериуми за излез). Општи итеративни постапки за решавање равенки и системи равенки. Локална конвергенција. Интерполација,апроксимација и фитување функции. Нумеричко решавање обични диференцијални равенки:линеарни повеќечекорни методи, методи Рунге-Кута, решавање системи диференцијални равенки. Почетни и гранични проблеми. Нумеричко решавање парцијални диференцијални равенки: конечни разлики, дискретизација, конзистенција, конвергенција и стабилност. Примена на нумеричките методи во решавање проблеми од инженерството.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
S. C. Chapra |
Applied Numerical Methods with Matlab for Engineers and Sciencists |
McGraw-Hill Science/Engineering/Math, 3rd ed. |
2012 |
2 |
W. Y. Yang, W. Cao, T. Chung, J. Morris |
Applied Numerical Methods using Matlab |
A Јohn Wiley & Sons, Inc., Publication |
2015 |
3 |
S. Larsson, V. Thomée |
Partial Differential Equations with Numerical Methods |
Springer |
2008 |