Истражувачки проект од областа на применета математика
Предмет: Истражувачки проект од областа на применета математика
Код: 3ФЕИТ13
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 0+0+0+6
Наставници: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма ПМА
Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаења од областа на применетата математика, како услов за изработка на магистерската работа. Оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.
Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативна работа. Избор и проучување на литература релевантна за истражувањето. Дефинирање предмет, методи и цели на истражувањето. Поставување експеримент во реална или симулациска околина. Прибирање и обработка на податоците. Верификација на резултатите преку изработка на семинарска работа или труд.