Технологии за добивање енергија од биомаса
Предмет: Технологии за добивање енергија од биомаса
Код: 3ФЕИТ08033
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Антон Чаушевски, проф. д-р Маргарита Гиновска
Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на овој курс студентот стекнува знаења за начините на искористување на енергијата од биомаса ( од растително и животинско потекло). Запознавање со технологиите на искористување на отпадните биомаси за енергетски цели: производство на биогорива, топлина и електрична енергија.
Содржина на предметната програма: Енергија на биомасите – главни извори, класификација, трансформации, трендови на развој. Теориски основи - Термодинамика на процесот - енергија, термохемиско согорување, масен и енергетски биланс. Анаеробни процеси, типови на дигестори. Напредни технологии за конверзија: основи на технологиите за конверзија (согорување, гасификација, пиролиза). Техноекономски аспекти на искористување на биомасата. Втора генерација биогорива – горива на иднината кои допринесуваат за почиста животна средина и забрзан економски развој. Биодизел – производство, карактеристики, можности за употреба. Производство и примена на биогас. Генерирање на моќност и производство на топлина од биомасa од градскиот отпад. Комбинирани постројки за производство на топлинска и електрична енергија од биомаса.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Caye M. Drapcho, Ph.D. Nghiem Phu Nhuan, Ph.D. Terry H. Walker, Ph.D. |
Biofuels engineering process technology |
MecGrow Hill |
-2008 |
2 |
Miro R. Susta, Peter Luby, INGCHEM, Dr. Sohif Bin Mat |
Biomass Energy Utilization & Environment Protection - Commercial Reality and Outlook |
Taylor & Francis Group |
2009 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
F. Rosillo- Calle, P. de Groot, S. Hemstock |
The Biomass Assesment Handbook, Biomass for Sustainable Environment |
MecGrow Hill |
2008008 |