Проектирање и градба на фотоволтаични системи
Предмет: Проектирање и градба на фотоволтаични системи
Код: 3ФЕИТ04017
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Димитар Димитров
Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на познавања за избор на најсоодветна конфигурација и димензионирање на фотоволтаични системи, примена на заштитни уреди и мерки, подесување на компонентите. Оспособеност за учество во проектирање и градба на фотоволтаични системи.
Содржина на предметната програма: Компоненти на фотоволтаичните (ФВ) системи: модели и димензионирање. Конфигурации и еднополни шеми на разни видови ФВ системи. Избор на локација, начини на поставување на ФВ модулите и носечки конструкции. Избор на опрема. Просторна организација на ФВ системите и подготвителни мерки за градба. Чекори при градба на ФВ систем. Препораки за димензионирање и поставување на електричната инсталација, заштитните уреди и заземјувањето. Анализа на перформансите на ФВ системите. Системи за мониторинг и контрола. Технички услови и приклучок со електродистрибутивна мрежа. Пуштање во погон, тестирање и детекција на грешки. Содржина на проектите за ФВ системите. Изработка на документација за тековно работење и одржување.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
DGS/Berlin |
Planning and Installing of Photovoltaic Systems |
DGS/Berlin |
2012 |
2 |
Geoff Stapelton, Susan Neill |
Grid-connected Solar Electric Systems |
Earthscan |
2012 |
3 |
D. Rekioua, E. Matagne |
Optimization of Photovoltaic Power Systems: Modelization, Simulation and Control |
Springer-Verlag |
2012 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
L. Castaner, S. Silvestre |
Modeling Photovoltaic Systems Using PSpice |
John Wiley & Sons |
2002 |
2 |
Џ. Ендруз, Н. Џели |
Наука за енергетиката принципи, технологии и влијанија |
Дата Понс |
2007 |