Примена на обновливи извори на енергија
Предмет: Примена на обновливи извори на енергија
Код: 3ФЕИТ02020
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставници: проф. д-р Влатко Стоилков, проф. д-р Верка Георгиева, проф. д-р Маргарита Гиновска
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, студентот ќе се стекне со знаења за апликативните аспекти на искористувањето на енергетскиот потенцијал на сонцето, ветрот, водените ресурси и биомасата како обновливи извори на енергија. Стекнатите познавања од областа на искористување на енергетскиoт потенцијал на ОИЕ ќе му овозможат на студентот полесно да го надградува своето знаење во оваа област.
Содржина на предметната програма: Споредба на конвенционални и обновливи извори на енергија. Животната средина и ОИЕ. Сонцето и сончевото зрачење. Начини на искористување на енергија од сонцето. Видови колектори. Рамни колектори. Концентрирачки (фокусирачки) колектори. Коефициент на ефикасност на колекторите. Ориентација и инклинација на колекторот. Директно претворање на сончевата енергија во електрична. Сончеви ќелии. Сончеви постројки. Историски развој на искористуваљњето на енергијата на ветрот. Енергетски потенцијал на ветрот како ОИЕ. Основни параметри и закони кои влијаат на конверзијата на енергијата на ветрот. Механичка и електрична конверзија на енергијата на ветeрот. Мали хидроцентрали (МХЕ) како обновлив извор на енергија. Објекти и класификација на МХЕ. Производство на електрична енергија и поврзување на дистрибутивна мрежа. Упатства за реализација на проект на мала хидроцентрала (МХЕ на природен водотек, систем за наводнување и водовод за населено место). Проекти на малите ХЕЦ со примери од пракса. Аспекти на искористувањето на биомасата како ОИЕ. Биомасата како начин на складирање на сончевата енергија. Начини на конверзија на енергијата од биомаса во топлинска и електрична енергија.
Литература:
Задолжителна литература: |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Godfrey Boyle |
Renewable Energy Power for a Sustainable Future |
Oxford Univ. Press |
2004 |
2 |
Paul Breeze at all |
Renewable Energy Focus Handbook |
Elsevier |
2009 |
3 |
Zekai ¸Sen |
Solar Energy Fundamentals |
Springer-Verlag |
2008 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Thomas Ackermann |
Wind Power in Power Systems |
Wiley; 2 edition |
2012 |