Лични алати
Пријави се
Трага: Дома УПИСИ Уписи 2018 Пријавување

Пријавување

Пријавување на кандидати за Упис 2018


Пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2018/2019 година во третиот уписен рок ќе се врши на 24.9.2018 година.

КАДЕ: На шалтерите на Службата за студентски прашања

КОГА: Во термини од 11:30 до 14:30 часот.

Пред поднесување на документите на ФЕИТ, кандидатите е неопходно да извршат електронско пријавување преку системот IKNOW на УКИМ.

Системот IKNOW е  отворен за пријавување во првиот уписен рок.

Потребно е да се регистрирате и да ja пополните електронската пријава.


Упатство за електронско пријавување

upisi.jpg

Пред поднесувањето на документи за упис, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online Порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk.

Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот - не отварајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè до поднесување на документите на деновите на упис.

Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.

Со користење на Порталот, кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци до денот на уписот, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на уписот.

 

Потребни документи при пријавување

  • Пријава за запишување(образец А1)

  • административна такса од 50 денари
  • oригинални свидетелства од сите класови*
  • Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)*

  • Извод од матична книга на родените (оригинал) + копија од извод од матична книга на родените

  • Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение)

  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии

  • Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (се печати од електронската пријава) - IKnow

  • Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност) (се печати и од електронската пријава)

  • Изјава за неподигање на документите (се печати и од електронската пријава)

  • Дипломи што евентуално биле освоени во текот на средното образование согласно точка 2 од одлуката за Стипендии за идните студенти на ФЕИТ.

*) Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат копии заверени на нотар од своите документи.

Кандидатите кои конкурираат согласно со Правилникот за начинот на проверка на основните критериуми и запишување во квоти на студентите чие родителско право го врши само еден родител, како и посебните критериуми за остварување на ова право, ги поднесуваат и документите наведени во член 4 и член 5 од истиот Правилник:

За материјалните можности:

  • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни од тековната година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата
  • изјава за вкупниот број на членови на семејството
  • за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи
  • за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија и
  • пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход.

За посебните критериуми:

  • уверение за државјанство на Република Македонија
  • извод од матичната книга на родените за кандидатот
  • за родител на кој му е одземено родителското право-решение од надлежен суд и/или
  • за починат родител - извод од матичната книга на умрените.

Документи и линкови

1. Информации и упатство за електронското пополнување на пријавите на УКИМ