Мерење на параметрите на обновливи извори
Предмет: Мерење на параметрите на обновливи извори
Код: 3ФЕИТ03005
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Миле Станковски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот се запознава со мерните методи и инструментација кои се применуваат при мерењето на физичките параметри карактеристични кај обновливите извори, особено кај ветерната енергија и сончевото зрачење.
Содржина на предметната програма: Основи на ветерна енергија, физички принципи на атмосферските движења, локални ветрови. Инструменти за мерење на параметрите на ветерот. Видови на анемометри, мерење правец на ветер, принципи на работа, точност и калибрација на сензори. Статистички методи за анализа на метеоролошките податоци за ветер. Проценка на енергијата на ветерот, проценка на енергијата на ветерот на комплексни терени, моделирање. Климатологија на сончевото зрачење. Методи за мерење на директна, дифузна и рефлектирана компонента на сончевото зрачење. Методи за мерење на спектарот на сончево зрачење. Статистички карактеристики на сончевото зрачење. Инструментација за мерење на сончево зрачење: пиранометри, пирхелиометри, калибрирани фотоволтаични ќелии. Конструкција, карактеристики и подрачје на примена. Автоматски мерни системи и даталогери за карактеристичните величини на ветер и сончево зрачење. Начини на пренос на мерните податоци. Примери базирани на LabVIEW.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Lars Landberg |
Meteorology for Wind Energy |
Wiley |
15 |
2 |
Sathyajith Mathew |
Wind Energy, Fundamentals, Resource Analysis and Economics |
Springer Verlag |
6 |
3 |
Zekai Sen |
Solar Energy Fundamentals and Modeling Techniques |
Springer Verlag |
8 |