Мали хидроцентрали
Предмет: Мали хидроцентрали
Код: 3ФЕИТ04008
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. Д-р Вангел Фуштиќ
Цели на предметната програма (компетенции): Студентите добиваат сеопшто и стручно знаење за значењето на малите хидроцентрали како обновлив извор на електрична енергија. Студентите учат на реални проекти на малите ХЕЦ, нивно проектирање и градба со избор и спецификации на електромашинската опрема и поврзување на среднонапонската дистрибутибна мрежа.
Содржина на предметната програма: Значење на малите хидроцентрали како обновлив извор на енергија за производство на електрична енергија. Класификација на малите хидроцентрали. Објекти на МХЕ и нивно вклопување во животната средина. Избор на локација за градба. Мали ХЕЦ на речен водотек. Мали ХЕЦ на брзи планински водотеци. Зафати и хидројазли на МХЕЦ. Машински згради. Турбински кола за МХЕЦ. Генератори за МХЕЦ. Рехабилитација на МХЕЦ. Опрема на електротехнички дел на МХЕЦ. Проектна документација и тендери на МХЕЦ. Инсталирана моќност, инсталиран протек и можно производство на електрична енергија. Мерења и помошни системи. Стандардизација и МХЕ. Барања за квалитет на електрична енергија произведена од мали ХЕЦ. Приклучување на мали ХЕЦ на мрежа. Управување и мониторинг на МХЕЦ. Менаџмент на ризици кај малите хидроцентрали.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Тематска мрежа за мали хидроцентрали |
Прирачник како да се изгради мала хидроцентрала Дел 1 и 2 |
Европска асоцијација за мали централи |
2004 |
2 |
Н. Џенкинс и др. |
Вградливо производство |
Институт на електронички и електротехнички инженери |
2000 |
3 |
Шапелаз,Ајхенбергер |
Мали хидроелектрични централи |
ПАЦЕР асоцијација |
1995 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Г. Тано |
Пико-централи |
ИНФОЕНЕРГИЈА |
2000 |
2 |
В. Фуштиќ |
Реални проекти на МХЕЦ - Случаи за анализа |
ИЕЦРП, ФЕИТ |
2015 |