Енергетски преобразувачи за обновливи извори на енергија
Предмет: Енергетски преобразувачи за обновливи извори на енергија
Код: 3ФЕИТ02010
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: проф. д-р Гога Цветковски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за анализа и практично користење на енергетски пеобразувачи во системи со обновливи извори на енергија.
Содржина на предметната програма: Содржина на предметната програма: Преглед на основните видови на енергетски преобразувачи (исправувачи, инвертори, преобразувачи на наизменичен напон, чопери и др.). Изведби, принцип на работа и карактеристики на инвертори применети кај фотонапонски системи (инвертори водени од мрежа и автономни инвертори, услови за приклучување на овие преобразувачи на мрежа, техники на урапвување на инверторите). Изведби, принцип на работа и карактеристики на инвертори за ветрогенераторски системи (приказ и анализа на разни топологии на ветрогенераторски системи, приказ и анализа на енергетските преобразувачи применети кај овие системи, услови за приклучување на овие преобразувачи на мрежа, техники на управување на инверторите). Изведби, принцип на работа и карактеристики на енергетски преобразувачи за статичка возбуда на синхрони хидрогенератори. Проектирање и изведба на мрежни филтри за подобрување на квалитетот на електричната енергија добиена од обновливите извори на енергија.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
V. K. Sood |
HVDC and FACTS Controlers, Applications of Static Converters in Power Systems |
Kluwer Academic Publishers |
2004 |
2 |
M. H. Rashid |
Power Electronics-Handbook |
Academic Press |
2001 |
3 |
R. Teodorescu, M. Liserre, P. Rodrigues |
Grid Converters for Photovoltaic and Wind Power Systems |
John Willey and Sons |
2011 |