Лични алати
Пријави се

Енергетски аспекти на ветерни електрични централи

Предмет: Енергетски аспекти на ветерни електрични централи

Код: 3ФЕИТ04005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставници: Доц. д-р Софија Николова-Поцева

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на овој курс студентот стекнува знаења за начините на искористување на енергијата на ветерот за енергетски цели. Студентот е оспособен за користење на современи методи за краткорочно предвидување на произведената електрична моќност од ветерни електрични централи.

Содржина на предметната програма: Турбуленции и препреки на ветерот. Ефект на забрзување. Нерамност на тлото. Ефект на бразда. Вертикална распределба на брзината на ветерот. Модели за анализа на податоците на ветерот. Проценување на расположивиот енергетски потенцијал на ветерот на потенцијална локација. Моделирање на енергетска карактеристика на ветерна турбина. Развој на модел на енергетска карактеристика на цела ветерна електрична централа составена од различни типови на ветерни турбини. Методи за одредување на произведена електрична енергија од ветерна турбина. Формулација на проблемот на предвидување на производството на електрична моќност од ветерна електрична централа (ВЕЦ). Методи за краткорочно предвидување на произведената електрична моќност од ВЕЦ. Дефинирање на соодветен протокол за евалуација на методите за предвидување  на производството од ВЕЦ. Анализа на различни сценарија на распоред на ветерните турбини во ветерна електрична централа и нивна споредба од аспект на очекуваното производство на електрична моќност. Комбинација на ветерни електрични централи со конвенционални електрични централи (термоелектрани, акумулациони хидроелектрани и пумпно акумулациони хидроелектрани).

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gary L.Johnson

Wind Energy Systems

Electronic Edition, Manhattan, KS

2006

2

Santhyajith Mathew

Wind Energy: Fundamentals, Resource Analysis and Economics

Springer

2006

3

Vaugh C. Nelson

Wind energy: Renewable Energy and the Environment

Taylor & Francis Group

2009

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Mukund R. Patel

Wind and Solar Power Systems: Design, Analysis and Operation, Second Edition

Taylor & Francis

2005

2

T.Burton, D.Sharpe, N.Jenkins, E.Bossanyi

Wind Energy Handbook

John Wiley & Sons

2001